Најостро ја осудуваме продажбата на природните ресурси на Македонија од страна на Владата!

Новата Владата се фали дека обезбедиле странска фирма која ќе инвестира скоро 500 милиони долари во изградба на ветерен парк. Алказар Енерџи е фирмата која ќе гради ветерен парк во Македонија на локација помеѓу Штип, Карбинци и Радовиш. Ова локација е најдобра за изградба на ветерници затоа што изобилува преку цела година со ветер. Треба да се изградат 55 ветерници, кои ќе произведуваат 400 мегават часови годишно, количина доволна за снабдување на сто илјади домаќинства со електрична енергија.
Ќе градат на државно земјиште, за кое ќе плаќаат закуп.
ДЕМОКРАТИ ја прашуваат Владата зошто не се гради овој ветерен парк со наши пари и ќе биде сопственост на државата, на народот?
Зошто ги распродаваат природните ресурси на странски инвеститори кои единствен интерес им е да профитираат?
ДЕМОКРАТИ се против распродажба на домашните природни ресурси како што се ветерот, сонцето, водата, рудните богатства и земјата, а се за македонската држава да инвестира во сопствените природни ресурси и бенефициите од тоа ќе ги имаат граѓаните и државата, а не странски фирми кои инвестираат во нашата земја за дебели профити!
Претходно Целосна поддршка за пациентите!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ