Во својот анкетен лист, Премиерот Христијан Мицкоски ја пријави својата имотна состојба.
Тој поседува куќа во Влае купена за 26,8 милиони денари (440 илјади евра) во 2014 година, додека бил професор на Машинскиот факултет во Скопје.
Исто така пријавил дека има купено два швајцарски часовници, еден во 2015 година вреден 2.384.202 денари (39 илјади евра) и друг купен во 2016 година вреден 824.052 денари (13,5 илјади евра).
Исто така пријавил дека поседува од 2016 година, уметничка слика со вредност од над 600 илјади денари (10 илјади евра).
ДЕМОКРАТИ повторно, јавно го прашуваат Премиерот Христијан Мицкоски:Како можеше да купиш куќа вредна 440.000 евра и два часовници вредни 53.000 евра со професорска плата?