ИТНО да се донесе закон, државата преку Фондот за здравство, да го финансира лекувањето на болните во здравствени установи, надвор од државата

Сведоци сме на секојдневни повици по социјалните мрежи од тешко болни сограѓани, кои бараат финансиска помош за лекување во странски здравствени установи, затоа што во нашите здравствени установи (читај мртовечници), не можат успешно да бидат лекувани, а нашата држава и Фондот за здравство, не ги покриваат трошоците за нивно лекување во странство.
Ова несовесно и нехумано однесување на државата (Владата и пратениците) спрема своите болни граѓани, е крајно нехумано и криминално. Тешко болните граѓани на кои им е потребна итна здравствена нега се оставени на милост и немилост, сами да се снаоѓаат и да се молат по социјалните мрежи за пари и се задолжуваат со кредити, за да можат да се лекуваат во странство и да преживеат.
ДЕМОКРАТИ предлагаат подолго време во Собрание, ИТНО да се донесе закон, државата преку Фондот за здравство да го финансира лекувањето на сите болни граѓани во странски здравствени установи, кои не можат успешно да бидат лекувани во нашите здравствени установи!
Претходно Неспособната Владата го масакрира буџетот на штета на економијата и граѓаните

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ