Логиката е многу важна наука со која брзо и лесно се доаѓа до вистината. Еве неколку многу важни и логични прашања и одговори:
* Дали нашите најголеми проблеми во државата ни се корупцијата, криминалот и партизацијата – Да!
* Дали главната причина за нив е криминалниот изборен закон со затворени листи – Да!
* Дали сите овие најлоши појави и изборните измами се сузбиваат со воведување на отворените изборни листи – Да!
* Дали другите партии освен нас Демократи се борат за итно воведување на отворените листи – НЕ!
Логиката го наметнува единственото логично и исправно решение – сите граѓани и ние Демократи треба максимално да ги здружиме силите во заедничката борба за воведување на отворените листи и за подобра иднина на сите граѓани во Македонија!