Мицкоски и Владата сакаат да земат кредит од 500 милиони евра, за ситни проекти во општините и да ги кредитираат приватните компании или се спремаат за голем предизборен поткуп?

Премиерот Мицкоски ќе ја задолжи државата со 500 милиони евра кредит од Унгарија. Планот е, 250 милиони евра да добијат општините, а 250 милиони евра ќе добијат приватните компании, кредит со каматни стапки пониски од пазарните, но ќе треба и да исполнат одредени услови.
,,Обврската ваша како бизнис е да имате барем уште толку средства, коишто на овие 250 милиони евра вие ќе ги инвестирате. Тоа се половина милијарда инвестиции, да обезбедите годишно најмалку 5.000 вработени и да обезбедите раст на вашето производство, 5% над стапката на инфлација” вели Мицкоски.
ДЕМОКРАТИ го прашуваат Мицкоски, кој ќе биде одговорен ако компаниите банкротираат или ако не можат да ги враќаат кредитите на државата во иднина? Кој ќе гарантира дека компаниите ќе обезбедат 5.000 нови вработувања годишно и стапка на раст на производството од 5% над стапката на инфлација?
За жал, овој потез на Владата и Мицкоски е погрешен и неразумен. Државата не е во можност да зема огромни кредити во време на финансиска презадолженост и да изигрува финансиска установа, да ризикува, за да ги финансира приватните компаниите со ефтини кредити. Огромен е ризикот граѓаните, нивните деца и внуци да ги враќаат кредитите во иднина.
ДЕМОКРАТИ се против земање на кредит од 500 милиони евра од Унгарија, во време кога државата е презадолжена, изигрува финансиска установа и ризикува граѓаните да ги враќаат кредитите.
Единствен услов да се земат кредити од странство во време на презадолженост за ДЕМОКРАТИ е, ако истите се користат за капитални инвестици, како што се: градење на фабрики и производствени погони, во партнерство со приватните компании или ќе бидат во сопственост на државата-народот, кои ќе креираат нови работни места со високи плати во стопанството и така ќе се спречи масовниот егзодус на младите од Македонија. Само така ќе имаме бенефиции ние граѓаните и државата.
За жал, Мицкоски и Владата сакаат да земат кредит од 500 милиони евра за ситни проекти во општините и да ги кредитираат приватните компаниите, но се спремаат за голем предизборен поткуп!
Претходно Криминалните банди на ДПНЕ-СДС-ДУИ ги избркаа младите од државата!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ