Замислете народе, со ребалансот на Буџетот се намалува финансирањето во капитални проекти од 245,5 милиони евра на 67 милиони евра, а 250 милиони евра се одделуваат за општините (како што правеше предходната Влада).
Исто така, скоро 50% се намалуваат инвестициите за изградба и реконструкција на студенски домови, средни и основни училишта, домови за стари лица и домови за социјална заштита.
Се намалуваат инвестициите во здравството, поточно за изградбата на нови Клинички центри во Скопје и Штип, а исто така и за болниците Свети Еразмо во Охрид и Клиниката за хирургија.
Се намалуваат инвестициите во гасификација, од 19 на 13,5 милиони евра.
За жал, скоро половина од буџетот или поточно 2,76 милијарди евра ќе се користат за плати на администрацијата (723 милиони евра), пензии и социјална помош.
Владата планира буџетот да биде 5,8 милијарди евра, 5,1 милијарди евра очекува да собере од даноци, казни и други приходи од граѓаните, а со другите пари да ја пополни дупката во буџетот, ќе зема кредити кои, ние граѓаните ќе ги враќаме со децении.
Катастрофа е што неспособната Влада и нивните неспособни советници, немаат појма како да се креира врвна економијата, која ќе креира нови вработувања со високи плати и ќе го подобри стандардот на граѓаните, а со тоа ќе се спречи масовниот егзодус на младите од Македонија.
Владата го масакрира буџетот за да прикаже дека успешно може да ја менаџира Македонија. Но, за жал, нема појма како се менаџира државата која се распаѓа и се наоѓа во клиничка смрт.
ДЕМОКРАТИ предлагаат да се инвестира 2 милијарди евра секоја година, во наредните 10 години во капитални проекти, како што се фабрики, производствени погони, електро централи, во земјоделието, науката и иновации, преку кои ќе се креираат стотици илјади нови вработувања со високи плати и ќе се задржат младите да не се иселуваат од Македонија.
Без врвна економија и без млади луѓе, Македонија нема иднина!