о Македонија и секаде каде што има затворени изборни листи нема демократија

Во Македонија и секаде каде што има затворени изборни листи нема демократија, туку има партократија, лидерократија, или најточно – мафијократија, власт на мафијата!
Ние ДЕМОКРАТИ знаеме дека на луѓето им е јасно дека работите во државата не се добри, дека царуваат криминалот, корупцијата и партизацијата, ама си велат – ние сме криви, сами си гласаме за власта. Не е така!
Со затворените изборни листи работите во државата се поставени така да изгледаат како да е демократија, како државата да има институции и како граѓаните нив да ги бираат и управуваат, ама тоа е само привид!
Во суштина, во Македонија и секаде каде што има затворени изборни листи нема демократија, туку има партократија, лидерократија, или најточно – мафијократија, власт на мафијата!
Во што е финтата? На избори, ние граѓаните гласаме за партии, а не за личности, партиите на коруптивен и мафијашки начин ги прават изборните партиски листи, и ние граѓаните практично гласаме само – која мафија да дојде на власт! И нормално, потоа мафијата си ја заробува државата и си прави што сака, а ние се чудиме што ни се случува, и зошто ни пропаѓа државата!
Ние ДЕМОКРАТИ, тврдиме дека моќта на граѓаните со затворени изборни листи е лажна, дека тогаш всушност вистинската моќ ја имаат лидерите на партиите и нивните најблиски, кои ги составуваат пратеничките листи. Затоа пак, ние ДЕМОКРАТИ тврдиме дека, моќта на нас граѓаните со отворените изборни листи е ВИСТИНСКА, затоа што со отворените листи ние граѓаните ВИСТИНСКИ одлучуваме за тоа кој ќе биде пратеник и најважен човек во државата – наш граѓански претставник во парламентот.
Затоа почитувани граѓани, ако сакаме ние граѓаните да ја имаме вистинската моќ и да бидеме газди во нашата држава, свои на своето, ние ДЕМОКРАТИ ја бараме вашата поддршка во борбата за ИТНО воведување на отворените листи во Македонија. Само со ДЕМОКРАТИ и отворените листи Македонија ќе биде повторно наша, ние граѓаните повторно ќе бидеме горди, а Македонија ќе биде едно општество за сите!
Претходно Владата не треба да ги лажи и манипулира земјоделците со субвенции

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ