Терминот просечната плата е невидена манипулација и измама од страна на неспособна Влада

Според месечните податоци на Државниот завод за статистика просечната месечна нето – плата по вработен во мај 2024 година изнесувала 41.252 денари, што е за 13,1% повисока од мај 2023 година.
Терминот просечната плата е невидена манипулација и измама од страна на Владата со вработените граѓани, да се чуствуваат подобро, дека платата им се зголемуваат повеќе и покрај тоа што повеќето вработени ќе сонуваат просечна плата од 41.242 денари, во време на невидена економска криза и во време кога стотици илјади вработени земаа мизерна минимална плата од 22.567 денари!
ДЕМОКРАТИ се крајно револтирани од манипулациите на Владата и бараме во иднина Државниот завод за статистика да ги дава точно податоците за секој вработен, колку му е висината на платата и бројот на истите, а не’, неспособната Влада да ги манипулира вработените граѓани да се чуствуваат добро дека платата им се зголемуваат секој месец!
Претходно ЛОГИЧНИ ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ