аши со сватовите поминал без контрола на границата со Косово и на сметка на народниот буџет отишол на свадба по невеста во Косово

Откога почнавме да се сомневаме дека Гаши, спикерот на Собранието и сватовите го приватизираа и го поминаа граничниот премин Блаце, без контрола, веднаш Министерот за внатрешни работи Тошковски потврди дека на граничниот премин, возилата на собранискиот спикер Гаши, на неговото обезбедување и приватните возила-сватовите, биле пропуштени без контрола, со што се прекршува законот за безбедност на државата и проверка на патници со помош на службените лица од МВР.
Си одлучил Гаши, Претседателот на Собранието да оди во Косово на свадба по невеста со повеќе службени возила и неговото обезбедување на сметка на народот буџет (кражба на народот буџет), а властите на чело со Мицкоски и ДПНЕ го бранат.
За жал, Гаши ја продолжува праксата на злоупотреба на функцијата и привилегиите , како што го правеше предходната Влада. Тој ова дрско однесување го почна од конститутивната седница и случката со скопскиот аеродромот, изврши молитвен обред во Собрание иако секуларноста нс државата е уставна категорија и за жал, продолжи да го прави за приватни задоволства-приватна свадба (Зар треба од народот буџет да му се купи и поклон?).
ДЕМОКРАТИ бараат ИТНА оставка од Претседателот на Собранието Гаши, бидејќи сметаат дека се понаша како државата да е негова своина, а исто така е криминално и неетички да ги троши парите на граѓаните за свои приватни задоволства.
Како ДЕМОКРАТИ сметаме дека што повеќе привилегии им се дава на функционерите, тие повеќе ги злоупотребуваат за жал.
Затоа сакаме ИТНО да се донесе закон за да се укинат сите функционерски привилегии.
Претходно ДЕМОКРАТИ: ЛУД, ГЛУПАВ И ПАМЕТЕН

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ