Кои се главните фактори во државата?
Оние кои се најважни, чии што зборови и дела влијаат најмногу на животот, луѓето и состојбите во државата. А тоа денес во Македонија не се ни најпаметните, ни најквалитетните луѓе, како што е нормално – туку тоа се најголемите партии и нивните лидери.
Ние ДЕМОКРАТИ приметуваме дека ДПНЕ и СДС се во постојана неформална коалиција на меѓусебно факторизирање и не дозволуваат никој друг, ни партија, ни поединец од македонскиот блок, да стане фактор во државата. Тие постојано се ловат еден со друг во некакви афери, постојано во јавноста и на медиумите меѓусебно се критикуваат и обвинуваат, но кога ќе стане збор за нивниот личен интерес: за зголемувањето на нивните плати, за намалувањето на казните за нив од кривичниот закон, за партизацијата, за заробувањето на судството и државата – тука веднаш наоѓаат заеднички јазиk и за се консензуално одлучуваат, на наша граѓанска сметка – штета!
Дали сте приметиле дека тие скоро никогаш не ги критикуваат помалите партии за нивните ставови и идеи, како нас ДЕМОКРАТИ, дека никогаш не одговараат на нивните критики и аргументи? Со тоа сакаат да и покажат на јавноста дека ние другите не сме фактор во државата и затоа не сакаат да не факторизираат!
А ако некоја од нив почне да се распаѓа, како сега СДС – се ќе направат да ја факторизираат, за да остане истата екипа и да не влезат нови, неконтролирани и непредвидливи сили во политичката игра. Заробените медиуми ќе ги пренесуваат сите ставови на СДС и ДПНЕ, но на другите партии – ништо!
Ова е стара и позната игра на СДС и ДПНЕ, исто беше и кога се распаѓаше ДПНЕ по Грујо. Но тие не можат да го сокријат и занемарат фактот дека најголемиот и најважниот фактор во државата – сме ние граѓаните и дека најфакторизирани ќе бидат партиите кои ќе се борат за нашите граѓански и државни интереси!
Видовме и сеуште гледаме што направија „факторите“ СДС и ДПНЕ од државата и за жал сеуште прават. Државата ни тоне во корупција, криминал, партизација и заробени институции, а тие и натаму се расправаат меѓу себе кој повеќе украл, кој повеќе го заробил судството и едни за други вадат информации од државните служби „од свиркачи“.
Секој нормален е свесен за ова – и преку глава му е! Ниту збор за причините за оваа состојба, ниту предлог за решение!
Затоа сме тука ние ДЕМОКРАТИ – за факторизирање на граѓаните, затоа што ние граѓаните сме првиот и главен фактор во државата! Затоа сакаме да ја промениме причината за оваа состојба – криминалниот изборен закон и да ги воведеме отворените листи со кои ние граѓаните и формално стануваме главниот фактор – ние ќе ги бираме пратениците и функционерите и со отворените листи тие ќе ни одговараат на нас граѓаните, а не на криминалните и занесени лидери.
И затоа ја бараме вашата граѓанска поддршка, не само на избори туку и постојано, како што ние ДЕМОКРАТИ постојано се бориме за најважниот фактор – за граѓаните и за Македонија!