Продолжуваат лагите и манипулациите од страна на Министерката за образование, Владата и Мицкоски кон наставниците во основното и средното образование

Оваа година наставниците нема да го добијат предвиденото зголемување на платите во основното и средното образование.
За жал, Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека државната каса е празна и ова година нема да има зголемување на платите на наставниците. Ги повикува наставниците да се стрпат, да имаат верба и пасија, а не ги прашува како ќе живеат со мизерни плати на оваа скапотијата (лесно и е на неспособната министерка да живее со 2000 евра плата).
Демократи ја прашуваат Министерката за образование Весна Јаневска, како не ти е страм да зборуваш така и да изигруваш душегрижничка, заедно со Владата и Мицкоски, а за време на избори ветувавте – лажевте, дека ќе ги зголемите платите на наставниците во основното и средното образование?
ДЕМОКРАТИ длабоко се убедени дека твојата изјава е оправдување за твојата апсолутна неспособност, како и неспособноста на Владата и Мицкоски, да ги исполните ветувањата за зголемување на платите на наставниците, кои ги дадовте за време на избори и тоталната неспособност на сите вас, кои сте на власт. Твојата изјава за незголемување на платите да не беше смешна, ќе беше жалосна!
НАРОДЕ, Бог да не чува од неспособни функционери кои со децении ни го уништуваат образованието, нашите деца, наставниот кадар и државата.
Убаво поговорката вели: ,,УНИШТИ ГО ОБРАЗОВАНИЕТО ДА ЈА УНИШТИШ ДРЖАВАТА”!
НАРОДЕ на Македонија, време е да не поддржуваме повеќе неспособни политичари – функционери кои ни го уништуваат образованието и државата!
Претходно Најголеми поддржувачи и заштитници на Претседателот на Собранието Африм Гаши, кој се однесува како Македонија да е негова лична своина, се Мицкоски и ДПНЕ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ