Владата и Мицкоски да престанат да ги манипулираат пензионерите со мизерни линеарни покачувања на пензиите!

Во Македонија има 340.000 пензионери од кои повеќе од 150.000 илјади пензионери земаат од 13.000 до 17.000 денари пензија и со нивните пензии не можат ни пола месец да преживеат, поточно неможат да ги плаќаат секојдневните троши за храна, лекови, струја, облека, транспорт, рекреација, а се разбира измислена именка е летовање за нив, а не да живеат цел месец, нормален, достоинствен живот.
Владата и Мицкоски донесоа одлука да им ги зголемат пензиите на пензионерите линеарно за 5.000 денари, поточно 2.500 денари во септември и 2.500 денари во март идната година.
За жал, ова е само мачкање очи и манипулација со сиромашните пензионери, дека, ќе им ги зголемат пензиите за 5.000 денари линеарно и ќе имаат подобар живот.
Но, за жал, не им кажуваат на сиромашните пензионери чии пензии се 13.000 до 17.000 денари, дека нема да можат да живеат достоинствен живот и покрај покачувањето на пензиите за 5.000 денари заклучно со март 2025 година, затоа што неконтролираното покачување на цените и трошоците за живот – инфлацијата, народски кажано, ќе го изеде мизерното покачување од 5.000 денари.
ДЕМОКРАТИ ПОДОЛГО ВРЕМЕ ПРЕДЛАГААТ МИНИМАЛНАТА ПЕНЗИЈА ДА БИДЕ КОЛКУ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА, ШТО ЌЕ ИМ ОВОЗМОЖИ НА СИРОМАШНИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ, БАРЕМ ДА МОЖАТ ДА ИМААТ ПОДОБАР ЖИВОТ, НАМЕСТО ДА ЖИВЕАТ ВО НЕВИДЕНА СИРОМАШТИЈА И МИЗЕРИЈА!
Откога минималната пензија ќе се изедначи со минималната плата, ТОГАШ ќе може сите пензии на 340.000 пензионери, да се зголемуваат процентуално!
Претходно ДЕМОКРАТИ ви го честитаат големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ