Наместо да се организираат и да го бојкотираат почетокот на учебната година, просветните работници чекаат и молчат

После изјавата на Министерката Весна Јанева, во врска со покачувањето на платите на просветните работници дека “нема материјални можности за покачување оваа година”, молк кај просветните работници и Синдикатот (СОНК).
Молк кај членството на СОНК, после дадената изјава за непокачување на платите на просветните работници, наместо да се организираат и да го бојкотираат почетокот на учебната година.
ДЕМОКРАТИ ги повикуваат просветните работници да си ги бараат своите права, согласно Законот и Колективниот договор, наместо да молчат и да бидат повторно изманипулирани.
ДЕМОКРАТИ го повикуваат и Претседателот на СОНК, Јаким Неделков да му објасни на членството што точно договара или манипулира со министерката и што ќе превземи СОНК, после дадената изјава од министерката, која кога беше во опозиција изјавуваше дека мора да се изнајде решение кога станува збор за стандардот на вработените во образованието, а сега вели нема материјални можности?
Повторно и повторно лаги и празни ветувања, а наставниците и професорите во исчекување за “наводно покачување на платите”, кое нема да го добијат оваа година, а според изјавата на министерката за образование, таа се надева дека “за време на нејзиниот мандат, а можеби и порано ќе има услови и дајбоже да има услови и ќе се потпише Колективниот договор и спрема Колективниот договор ќе си добиваат плати”.
ДЕМОКРАТИ бараат ИТНО неотповиклива оставка од неспособната министерката за образование, пред да го доуништи образованието!
Погледнете го видеото и ќе видите каква неспособна министерка го води образованието во уште поголема пропаст!
Претходно Владата и Мицкоски да престанат да ги манипулираат пензионерите со мизерни линеарни покачувања на пензиите!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ