Криминалот и корупцијата во образовниот систем го доведува во прашање опстанокот на македонската државата

За жал, криминалот во образовниот систем е многу опасна форма на криминал, можеби и поопасна и од политичкиот криминал, поради издавањето на “купени дипломи” на додипломски и постдипломски студии, кои се стекнати со мито и корупција и кои се издаваат на свои блиски роднини, партиски војници и граѓани за пари и кои дипломи го уништуваат образованието и го доведуваат во прашање опстанокот на државата!
Потоа, криминалците по дух, со купените дипломи се поставуваат од страна на владеачките партии на разни функции, премиери, претседатели, министри, пратеници, директори, менаџираат болници, ,,лечат’’ луѓе, работат во судството и т. н. и за жал, стануваат УНИШТУВАЧИ не се што ќе допрат и менаџираат.
Дека корупцијата е екстремно присутна на факултетите помеѓу професорите во државата, покажуваат и резултатите од истражувањето на ИСИЕ (Институт за стратешки истражувања и едукација). Според истражувањето, на еден од десет анкетирани студенти, професорот им побарал мито, а 6% понудиле мито за повисока оценка.
Владата, Министерството за образование, МВР, Просветниот инспекторат и ДКСК (Државната комисија за спречување на корупција) се најодговорни во борбата против криминалот и корупцијата во образовниот систем и треба немилосрдно да се борат и да го уништат криминалот во образованието, но наместо тоа и на огромна штета на државата и граѓаните, со децении не ги прогонуваат кривично професорите и факултетите кои “продаваат дипломи”!
Ние ДЕМОКРАТИ најостро го осудуваме криминалниот акт на “купени дипломи” со кој ја уништуваат македонската држава.
За да се спречи криминалот во образованието со “купени дипломи” ДЕМОКРАТИ предлагаат:
1. ИТНО да се направи ревизија на работењето на сите државни универзитети, а пред се на приватните
2. Да се санкционираат – затворат оние, каде ќе се открие ваков вид на криминал и корупција.
3. ИТНА промена на кривичниот закон. За секој кој продава дипломи, минималната казна затвор да е од 10 години до доживотна казна и никогаш повеќе да не смее да работи во образованието!
Претходно Политичарите-функционерите-криминалци, се креатори на урбаната мафија!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ