Партијата ДЕМОКРАТИ бара итна смена на претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши

Партијата ДЕМОКРАТИ бара итна смена на претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши и промена на поданичкиот однос кон коалициониот партнер ВЛЕН од страна на премиерот Христијан Мицкоски, бидејќи во спротивно сведоци сме на ненадоместливите штети врз угледот на државата, но и на флагрантното и намерно непочитување на Уставот и законите од албанскиот коалиционен партнер во Владата.
Во дузината скандали и намерни провокации и непочитување на државата, законите и државните симболи, Африм Гаши за два месеци стана синоним на уличарско однесување во извршувањето на една од трите највисоки функции во државата, која наполно незаслужено ја доби.
Имено, Африм Гаши има неколку тешки прекршувања на Уставот и законите, ако ги изземеме шотата, свадбата во Косово и други глупости креирани од нивото на однесување на Африм Гаши,
-@како прво тој го повреди правото на секуларноста на Република Македонија, едно од основните темели на државната поставеност, го направи Собранието центар на анти-секуларни активности. Повреден е членот 19 од Уставот од 1991 година кој вели дека: Црквата и религиозните групи се ОДВОЕНИ од државата; како и амандманот 7 од Уставот од 2001-година;
-потоа следуваше прекршување на правилото за обезбедување ВИП личности на скопскиот аеродром, со одбивање на Косовската претседателка да се провери, спротивно на Виенска конвенција, во која телохранителот на Африм Гаши спроведувал каубојска правда со репетирање пиштол во глава на полицаец;
-прекршување на деловникот на Собранието со давање на свечената изјава на албански јазик, каде е јасно пропишано дека тоа се прави само на македонски јазик и неговото кирилско писмо, потоа достава на двојазични материјали и на сите други пратеници во Собранието, а законот за употреба на македонскиот јазик и деловникот велат дека тоа се прави само за оние кои се застапени со 20% и зборуваат на друг јазик;
-повреда на законските инсигнии, односно константни повреди на Уставот со истакнување на знамиња кои не се предвидени со овој Законот за знамиња;
-потоа со оставањето на Талат Џафери на дупла функција се прекршени неколку закони меѓу кои и законот за Собранието, законот за пратеници, законот за корупција и судир на интереси и законот за избори;
Ваков тенденциозен однос на Африм Гаши надвор од секаков морален, етички и политички кодекс претставува тешка намерна провокација против македонските граѓани и македонскиот народ, и ние како ДЕМОКРАТИ сметаме дека ваквиот намерен аматеризам мора да биде санкциониран.
ДЕМОКРАТИ секогаш за граѓаните
Претходно Криминалот и корупцијата во образовниот систем го доведува во прашање опстанокот на македонската државата

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ