Откако изби скандалот за труење со храна на македонските војници, министерот за одбрана Владо Мисајловски уште го нема да реагира за овој скандал, на кој му претходи уште поскандалозен тендер. Имено, компанијата која ги затрула македонските војници е контроверзната фирма „Далма фоод и кетеринг сервис“ која на 26 февруари оваа година го добила тендерот за обезбедување на храна за македонската војска, вреден над 6 МИЛИОНИ ЕВРА за само една година.
Јавноста е сведок на неколку случаи на труење поврзани со храната обезбедена од оваа фирма, како што беше случајот во Воената академија „Михајло Апостолски” и во касарната Илинден. Фирмата „Далма фоод и кетеринг сервис“ (каде како управител се јавува ДЕЈАН АТАНАСОВСКИ) се чини дека е омилена компанија на претходната власт, па истата се јавува и во сомнителен тендер во 2020 година, во училиште во општина Аеродром.
Информациите низ медиумите говорат дека после скандалот со труење, војниците ја одбиваат храната која ја доставува оваа компанија, додека за истата нема никакви правни последици. Иако тендерот е склучен од претходната министерка Славјанка Петровска, актуелниот министер од редовите на ДПНЕ, МОЛЧИ пред очигледниот коруптивен скандал!
МИСАЈЛОВСКИ должи одговор пред јавноста, кои се моќниците што вршат притисоци, записниците од контролите во „Далма фоод и кетеринг сервис” да останат скриени во фиока?
ДЕМОКРАТИ се придружуваат на барањето министерот за одбрана веднаш да го РАСКИНЕ овој договор, кој ја загрозува безбедноста на 4.200 припадници на македонската армија и да ја активира негативната референца, затоа што токму оваа компанија продолжува да добива тендери во училиштата и да ги храни нашите ученици. Истовремено, го повикуваме и Јавното обвинителство да ги истражи овие сомнителни тендери и да открие какви нерегуларности се случуваат во овој процес.
Доколку ДПНЕ навистина има политичка волја да расчисти со корупцијата и да го разоткрие криминалот на претходната власт, нека почне од омилената компанија на СДС, „Далма фоод и кетеринг сервис“, со што ќе го заштити и здравјето на македонските војници.