ДЕМОКРАТИ ПРАШУВААТ КОГО ПРЕТСТАВУВА ИЗЕТ МЕЏИТИ, АЛБАНИЈА ИЛИ МАКЕДОНИЈА

ДЕМОКРАТИ ПРАШУВААТ КОГО ПРЕТСТАВУВА ИЗЕТ МЕЏИТИ,
АЛБАНИЈА ИЛИ
МАКЕДОНИЈА И КОЈ ГО ПЛАЌА ДА РАБОТИ ЗА ТУЃИ ИНТЕРЕСИ?
Македонскиот прв вицепремиер со измислена функција, Изет Меџити, 20-годишен функционер на криминалната ДУИ, градоначалник на Чаир со најголем број градежни афери, човек кој го крие своето образование, кого го видовме пред неколку дена дека нема поим од англискиот јазик, како дел од македонската делегација во Обединетите Нации во Њујорк. Тој намерно и етно-шовинистички продолжува да ја деградира државата и да се слика и работи за интересите на туѓа држава.
Мислејќи дека е голем политичар и дека расте во очите на своите сонародници Албанци-македонски граѓани, тој продолжува со провокативната политика кон сите други, кон Македонија и нејзините симболи, иако зема плата и стекна немерливо богатство од државата на сомнителен начин. Но тој, полнејќи го своето простодушно шовинистичко его дека е поголем Албанец од Албанците во Албанија, притоа се подбива со македонските институции, каде ќе стигне и мисли дека направил големи дела.
Се работи за ситна душа, човек кој доколку не беше член на ДУИ сеуште ќе продаваше девизи на некој од пазарите со овој ментален и морален капацитет. Мислејќи дека ја навредува земјата која го родила, тој само плука по себе и сопствените корени. Ниту некогаш ќе биде нивни, ниту пак повеќе ќе биде наш. Бараме од Премиерот веднаш да го разреши овој несоодветен политичар кој НЕ ВРЕДИ ни пет парички, а не да ја претставува Македонија во светот.
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!
Претходно Како не му е страм на ненародната Влада да ги лаже граѓаните со ,,Есенската кошничка”

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ