Портпаролот на ЗНАМ, на партијата СДС од Али Експрес, на лидерот со илјада лица Максим Димитриевски, бизнисменот Никола Мемов е нов директор на Фондот за ПИОМ.
“Прав човек” на “право место”! Го ставивте слаткарот кај тулумбите. Останува само да ги лиже прстите, за што има огромно искуство, затоа што:
За ДПНЕ во минатото, Никола Мемов бил дел од најголемиот криминален скандал после приватизацијата.
За ДПНЕ, Никола Мемов бил долгогодишен истакнат активист на СДС кој ги искористил тогашните врски со власта, за преку Фондот на иновации да лапне над 100.000 евра. Значи лапал тулумби и тогаш, затоа најверојатно го ставивте да лапа тулумби и сега!
Дали и сега ДПНЕ ќе го повикува Јавното обвинителство да го расчисти скандалот со Фондот за иновации (како што повикува Димче Арсовски во видеото)?! Доволно е што сте го ставиле директор на фондот. Сите финти ги знае, сите луѓе, односно, се разбира во производство на тулумби и шарени лаги. Треба само да ги излиже прстите, има кој да плати, напатениот народ. Кога бил однадвор биле 100.000 евриќи, сега може како директор да игра на милион! Или два, или пет!
Способни се тие од СДС, пардон ЗНАМ! Знаат да лапаат! И ПИОМ ли е, печатница за пари? Прав човек, на право место!
Очигледно е дека ЗНАМ е проект за рециклирање на криминогените кадри на СДС, кои преку Максим Димитриевски ја пронајдоа својата АМНЕСТИЈА во новата коалиција ДПНЕ-ЗНАМ.
Најдобар пример за ова е именуваниот директор на затворот во Прилеп од ЗНАМ (Емил Јанески), поранешен инспектор осуден за демолирање клуб и подоцна аболициран од Бранко Црвенковски. А што ќе правите, кога сите чесни кадри се надвор од вашите редови, и имате место само за криминалци и луѓе со кривични пријави.
Но, ќе дојде денот кога ќе одговарате, сите!
ДЕМОКРАТИ секогаш со народот!