Просветните работници повторно излажени и изманипулирани

Повеќе од сигурно е дека просветните работници нема да го добијат ветеното покачување на платите од 12% оваа година, но најверојатно според зборовите на министерката Јанева, ниту наредната година.
До кога министерката и СОНК ќе ги залажуваат вработените во образованието со лажни ветувања, а не ги спомнуваат најгорчливите проблеми на вработените, кои од својата мизерна заработувачка од 33.000 денари, секојдневно мора да издвојуваат пари за патни трошоци. Оние наставници кои работат подалеку од местото на живеење (по селата), имаат патни трошоци и повеќе од 4000 денари месечно, кои мораат да ги издвојат секој месец од мизерната плата.
ДЕМОКРАТИ ја прашуваат министерката и претседателот на СОНК, зошто со години наназад не го решат овој проблем со патните трошоци и други проблеми, како на пример напредувањата во звања, кои се стопирани, и вработените немаат можност да напредуваат во звања, и поради тоа тие не се еднакви пред законот.
ДЕМОКРАТИ ја прашуваат министерката дали размислува за стандардот и достоинството на просветните работници и како “системски” ќе ги решава проблемите и за кои “големи чекори и ремонт” во образованието зборува таа. Дали е свесна дека само во образованието не се вреднува и не се плаќа степенот на образование, каде сите земаат иста плата без разлика дали имаат вишо или високо образование, магистерски или докторски студии? Замислете какви апсурди, да си плаќате сами патни трошоци и да немате можност да напредувате на работното место!
СОНК пак, наместо да ги заштити просветните работници, го заплашува членството со казни-одработување на денови, доколку стапат во штрајк. Со години наназад не превзема ништо, освен што ги користи средствата од синдикалната членарина од вработените, а тие не добиваат ништо за возврат, освен што се изманипулирани, понижени и демотивирани за работа.
ДЕМОКРАТИ подолго време предлагаат, платите на просветните работници да бидат најмалку 60.000 денари, да им се исплаќаат патни трошоци и да им се овозможи да напредуваат во звања.
Демократи секогаш со граѓаните!
Претходно ДЕМОКРАТИ го прашуваат Изет Меџити на која држава е вицепремиер и која држава преставува во ОН

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ