Уставен суд донесе катастрифална одлука со укинување на измените на Законот за облигациони односи, со која ги укина член 2 и член 4 од законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи. Собранието го имаше скратено рокот на застареност на побарувањата на доверителите од 10 на 5 години, и овозможи ретроактивно дејство на Законот.
За жал, Уставен одлучи да се применува стариот Закон за облигациони односи и рокот на застареност на побарувањата на доверителите да биде 10 години.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека ова одлука на Уставен е на штета на сиромашните граѓани, а во корист на големите компании!
ДЕМОКРАТИ ја осудуваат катастрофална одлука на Уставен суд и сметаат дека е погрешна од две причини:
1. Временскиот период од 10 години и така е предолг да застаруваат долговите на должниците
2. Дури тешки криминални дела имаат покус временски период на застарување
ДЕМОКРАТИ предлагаат да се донеси закон:
1. Долговите на сиромашните граѓани да застаруваат за 3 години
2. Да се амнестираат долговите на сиромашните граѓани, а не политичарите-функционерите-криминалци!
Демократи секогаш со граѓаните!