ДЕМОКРАТИ МОРААТ ДА КОНСТАТИРААТ ДЕКА ЗА ОВИЕ СТО ДЕНА ВЛАДАТА НЕМА НИТУ ТРОШКА ОД ГОЛЕМИНАТА НА ВМРО, НИТУ ПАК ВРЕДИ ПЕТ ПАРИ, НИТУ ПАК ЗНАЕ НЕШТО ДА СРАБОТИ!
А ДА ВИДИМЕ ШТО ЗНАЕЛЕ И ШТО СРАБОТИЛЕ ЗА ОВИЕ 100 ДЕНА!
• Ветија репреговарање на Преспанскиот и укинување на Договорот со Бугарија! Ништо од тоа, една голема предизборна лага!
• Ветија дека Македонија ќе биде повторно горда! -во своите настапи не смеат да и го спомнат името, туку продолжуваат со вашата, нашата, честитаат на непозната земја, повторно голема лага!
• Ветија дека ќе ги ослободат неправедно осудените за 27 април, но сега не знаеле кога и не знаеле како, но многу ги жежело и печело;
• Ветија дека ќе расчистат со службените патувања на државна сметка, но напротив, сега ги земаат и жените и децата, и обезбедувањето топтан, и трошат илјадници евра народни пари, со изговор дека ги болеле колената;
• Ветија дека ќе ги скратат министерствата и расходите, и тоа го излажаа и направија уште три министерства и десетици нови функционерски места;
• Ветија дека нивните кадри ќе бидат професионалци, но нивните кадри се или директорки со кривични пријави за фалсификување документи, или осуденици амнестирани од Бранко, или бивши СДС и ДУИ функционери кои имаат катастрофално коруптивно минато;
• Ветија слободен пазар на работна сила, но побрзаа да ги вработат синот на Пандов и хигиеничарката од МЕПСО по партиска линија, осуденици за издавање на судски сведок да ги стават советници на министерот за внатрешни работи, и многумина без безбедносен сертификат да ги сместат во безбедносните служби;
• Ветија АРМ на НАТО ниво, по погромот во војската од Шеќеринска и Петровска, а добивме труења на војската и заштита на фирмите кои ги трујат војниците;
• Ветија транспарентност во јавните набавки, но бедно излажаа, забранија пристап до нив, така да сега можат да набавуваат во четири очи колку сакаат;
• Ветија почитување на правото и секуларност на државата, но Претседателот на Собранието го испрати својот телохранител на меѓународен аеродром да репетира пиштол во полицаец;
• Истиот тој, Африм Гаши од Собранието направи верски објект со масовно верско молење;
• Таканаречениот вицепремиер Изет Меџити се слика со знамето на Република Албанија во Обединетите Нации, и си прави средби со албанската дијаспора;
• Ветија “ветерници” додека Премиерот отвора фабрики за литиумски батерии, кои веќе еднаш се отворија изминатата година;
• Не задолжија со 500 милиони евра сомнителен унгарски кредит кој најверојатно има потекло од Кина;
• Ги излажаа просветните работници дека ќе им ги зголемат платите, а сега им велат дека нема пари;
• Ги излажаа пензионерите дека ќе им ги зголемат пензиите, па ги префрлија на нов термин;
• Ги излажаа студентите дека ќе им го зголемат студенскиот оброк, а го намалија;
• Ги избришаа поимите МАКЕДОНСКИ И МАКЕДОНИЈА од сите закони и документи каде што СДС и ДУИ не успеале да ги сменат во изминатите 7 години;
• Наместо да ја укинат, си наместија своја историска комисија во која секој член, месечно треба да зема по 2000 евра, за на крај да утврди дека Македонци не постојат;
• Наместија министри со по 40 советници, наместија нивни заменици, директори, заменици директори, голем дел со свое обезбедување иако немаат законско право на тоа;
• Ветија дека ќе работат јавно и транспарентно, но јавноста веќе 15 дена чека да ги чуе имињата на советниците на премиерот;
• Ги оставија цените да дивеат, подбивајќи се со народот намалувајќи ги цените на моливите и гумичките;
• Наместо ред и поредок, сега бившите телохранители на премиерот тепаат луѓе, а овие исто како полицајката со пајакот, се извинуваат;
• Младите уште поинтензивно бегаат од државата за овие 100 дена владеење, ако веќе преживеаја, да не бидат згазени од црните автомобили на функционерите и нивните обезбедувања со флешери кои дивеат по улиците на македонските градови;
• Направија игра со ВРЕДИ дека тие не даваат да се донесе законот за бранителите, и ги пуштија своите партиски мегафони дека покрај овој закон треба да се донесе и закон за обештетување на УЧК;
• Направија приказна околу некакви куфери на бивша министерка и недостаток на македонско знаме при посетата на Претседателката на Бугарија, за да ги замачкаат незадоволствата од партиските скандали на кадрите на ВРЕДИ и ЗНАМ;
• Со своите политики Албанија ги продолжува преговорите за членство во ЕУ, додека ние остануваме затворени во политичкиот круг Русија-Унгарија-Кина;
• Во меѓувреме за овие 100 дена “прекрасно владеење” на ДПНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ во Македонија се зголемија блокираните сметки, и од 136.735 станаа 154.283. Значи 154.283 фирми и граѓани без можност да си купат леб!
Браво Влада!
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!