ДЕМОКРАТИ БАРААТ ВЕДНАШ ВЛАДАТА И ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ ДА ЈА РАСВЕТЛАТ ИЗМАМАТА СО АПЛИКАЦИЈАТА КОНТИ И ДА ИМ СЕ ВРАТАТ ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Уште еднаш нефункционалната Влада и државата во која не владее правото и законите дозволија граѓаните да бидат ограбени од соодветна пирамидална шема по урнекот на ТАТ, но овој пат со апликација во духот на новото време.
ДЕМОКРАТИ мораат да констатираат дека единствена одговорност за измамата е кај нефункционалната Влада и неспособната држава да ги заштити своите граѓани.
Како прво, УЈП сноси огромна одговорност поради немање податоци и дејствија кој странски правен субјект врши промет на финансиски услуги во Македонија, притоа не плаќајќи давачки и даноци, а се вршат уплати на физички лица кон странство и уплати од странство кон физички и правни лица (менувачници со лиценца на НРБМ) во Македонија.
Како второ, МВР-Единица за економски криминал не реагирала воопшто додека се вршеле измами и исплати преку измамничка апликација на територија на Македонија, на преку 14.000 македонски даночни обврзници со вкупна сума од преку 15 милиони евра (можеби и повеќе).
Како трето, Финансиска полиција не реагирала и буквално ги преспала илјадници трансакции без да се провери потеклото на парите кои биле уплаќани и исплаќани на рака во одредени македонски менувачници, во замена на криптовалутите кои биле дел од измамничката шема.
Како четврто, симптоматично е НЕделувањето на Народна Банка на Република Македонија како единствен издавач на лиценци за менувачници и контрола на девизниот пазар која ги има издадено за менувачниците кои ги вршеле исплатите на таканаречените мамки-добивки, нормално за свој профит добиен од измамничката апликација.
Оттаму, Владата има должност да им ги врати парите на граѓаните кои поради нејзината нефункционалност, неспособност, непочитување на законите и европските директиви за трансфери на пари, конвенциите за економски криминал и криптовалути, не мрдна со мал прст да ги заштити своите граѓани и нивните тешко заработени средства.
Исто така треба да се испита и учеството во сите овие измамнички операции на неколку старо-нови функционери од политичката елита кои учествувале или биле дел од оваа измама на било кој начин.
Само тогаш кога парите на граѓаните ќе бидат вратени, а измамниците фатени и лиценците одземени, ќе има правда и закони во Македонија, а на македонските граѓани нема да им се случуваат пирамидални измами, и истите ќе бидат предвреме пресретнати.
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!
Претходно За жал, децата со посебни потреби, болните и старите се оставени на милост и немилост 33 години од ненародните владатели!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ