ДЕМОКРАТИ БАРААТ ВЕДНАШ ДА СЕ ОТВОРИ ИСТРАГА

ДЕМОКРАТИ БАРААТ ВЕДНАШ ДА СЕ ОТВОРИ ИСТРАГА И ДА СЕ ПОДИГНЕ ОБВИНЕНИЕ ЗА ПРОНЕВЕРА НА ДРЖАВНИ ПАРИ ОД НАЈГОЛЕМАТА ПЕРАЛНА ЗА ПАРИ ВО МАКЕДОНИЈА НА БИВШИОТ ХИБРИДЕН РЕЖИМ-“ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ” .
Во летото 2018-та година беше објавен и реализиран 15-тиот конкурс на оваа мафијашка институција за “демек иновации, преку кои се извадија и испраа дваесетина милиони евра народни пари, додека народот немаше леб да јаде и масовно се иселуваше од Македонија! Според официјалните податоци, но и свиркачите за корупција на овој повик, пари директно со амин на премиерот-предавник Зоран Заев инкасирале следниве правни субјекти, за проекти кои не би поминале ни на одбор на најмалата банка во Хондурас:
Меѓу стотиците добитници на чист народен кеш треба да ги истражите:
➡️ ВИТ СОЛУШН ДОО -> Рециклирај дома -> за на повик од дома да ти доаѓаат и да ти го собираат ѓубрето, по што ќе го носеле во фабрика -> искеширано од Македонија до двајцата сопственици 325.000 евра !! (Дали ви доаѓаат редовно дома овие со камиончето за рециклирање?, и дали се во притвор да пеат овие од ДОО-то или уживаат во остатокот од парите по дадените провизии)
➡️ МЕБЕЛИНЖЕНЕРИНГ од Штип (обична продавничка, можно е и да е затворена) -> за нова колекција дрвени столици (па па па) -> 150.000 евра !!
➡️ МАКОТЕХНА од Битола -> за средство за дезинфекција на душеци (wooooow) -> 130.000 евра !!
➡️ ТД ВА – ПЛАСТ од Охрид -> за нова кутија за долг живот на кремата -> 200.000 евра !! (Нека се живи и здрави кремите, ова е само кеш за 5-10 дечиња за кои вртиме броеви за помош за живот)
➡️ УНИМЕРКАНТ КЕТЕРИНГ -> за дрвени даски и машина за перење садови -> 160.000 евра !!;)
➡️ ИНДУСТРИ СЕРВИС -> за изградба на објект за индустриски КЕТЕРИНГ -> 170.000 евра !! (пак кетеринг, нека има,… иначе кетерингот од 1903 не е веќе иновација)
➡️ ДИБОНАН од Гевгелија -> за производство на алкален леб (оти нема, а народ бара од алкалниот трошка повеќе) -> 150.000 евра !!
➡️ ФРОТИРКА КОМПАНИ од Делчево -> за нова фротирка -> 330.000 евра !! (а зашто да не 330.000 евра за фротирка, нова е, никој претходно ја нема користено!?)
➡️ ЛИОН од Свети Николе -> за здраво чоколадо -> само 140.000 евра !!
➡️ ФОР ЛЕЈДИ од Скопје -> за алое ХУЛАХОПКИ -> џабе, 180.000 евра !! (иначе постојат од 1995 година, ама немале вакви алое хулахопки, а жени ко жени, бараат баш од алое и овие од ФОР ЛЕЈДИ се жртвувале да состават хулахопка!?)
➡️ ЛИНЕЈА ПРИМА од Штип -> за нова модна колекција (е не ќе се лажеме, ко другите демек иновации пишале) -> скромно, 215.000 евра !!
➡️ ФЕЈДОМ ФУРНИТУРЕ од Тетово -> за гарнитури за САД и Канада -> 175.000 евра !! Ако беа гарнитурите за Нов Зеланд и Австралија којзнае колку ќе не олешеа?
➡️ ВИТАЛИА -> за сурова храна:) (да “сурова” пишува на проектот,.. јас не би ја пробал) -> 300.000 евра !!
➡️ ГОРСКА + КОДИНГ -> за дизајн на етикети на горска вода со алое вера -> 305.000 евра !! Дизајн за етикети на Горска вода 305 000 евра-ЛЕГЕНДАРЕН ГРАБЕЖ-ПИНК ПАНТЕР МОЖАТ ВОДА ДА ИМ НОСАТ!
➡️ БИО ИНЖИНЕРИНГ -> за квасец за вино -> 150.000 евра !!
➡️ КНИГОТЕКА доо -> за софтвер (сајт) за продажба на електронски книги :)))) -> 220.000 евра !! Опа, батоооо!
➡️ ТРИ и КОДВЕЛ -> за сајт за книги -> 100.000 евра !! Па, опа батоооо!
➡️ ТОРАКС -> за развој на смарт фотоволтајци :))) -> 310.000 евра !!! (иначе ги знаете, постојат од 1991, ама сега чекај тие да ги развијат паметниве фотоволтаични модули,.. ај ќе почекаме додека да дотрошат)
➡️ НЕЛКОСКИ -> за путер од органски лешник -> 110.000 евра !!
➡️ ЈАБОЛЧЕЛО -> за смути -> 135.000 евра !!
➡️ ОМЕГА РИСРЧ -> за козметика за нега на кожа -> 185.000 евра !!
➡️ УСЈЕПОР -> за иновативен истражувачки технолошки систем (за стиропор) -> 335.000 евра !!
➡️ АЛКАЛОИД -> за производство на лек за странски пазар -> 240.000 евра !!
➡️ АКРОН -> за преработка на отпадно стакло во нешто малку поквалитетно отпадно стакло (така пишува во описот) -> 250.000 евра !!
➡️ ХАНТЕРС СТАЈЛ -> за чорапи за лица со проширени вени и прекумерна тежина -> само 250.000 евра !!
➡️ ПАКОМАК -> за стимулирање постигнување повисок степен на свест за селективно собирање на отпад и анализа на податоци :)))))) (сакаат да кажат за драпање му$а, апсолутно ништо друго) -> 225.000 евра !!
➡️ ИНФОРМ -> за следење на загадувањето на воздухот и чување на податоците на “клауд” :))))))))))) -> заокружиле на 150.000 евра (иначе кошта 10 евра) !!
Итн, итн, итн… уште стотици други иноватори, опфатени тој јули тогаш, не толку далечната 2018 година.. меѓу кои и сдс-овецот/знам-овецот и новиот директор на ПИОМ, поставен од ДПНЕ, за кој ДЕМОКРАТИ пишуваа пред два дена!
ДЕМОКРАТИ прашуваат кога ДПНЕ ќе ги апси Јован Деспотовски и Коста Петров, а може да почне и со Никола Мемов за спотер! Да се отвори пералната на пари од 400 милиони евра (колку нов здравствен центар), да ги вратат парите и да го одлежат грабежот! И сите управители со нив, кои свесно влегле во измама на државата, затоа што од сите “иновации” нема ни трага???!!!
Веројатно функционираат две-три, но не од овие кои ги наброивме.Затоа што ако функционираа сите досега ќе бевме земја број еден во светот по иновации, и побогата од Швајцарија. Кого лажете и крадете?
Тошковски, кога ќе почнеш да апсиш за овој криминал од 400 милиони евра, кога твојот шеф зеде кредит од 500 милиони и го задолжи народот! Ајде, ти израдувај го со 400 плус камати, плус затвор за криминалците.
Отворајте ја пералната “ФОНД ЗА ИНОВАЦИИ” , или толку ќе биде од вашето владеење. Или и вие се омрсивте од овие 400 милиони?
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!
Претходно 100 ДЕНА НА ВЛАДА, 100 ДЕНА НА НАЦИОНАЛНА КАТАСТРОФА НА ДПНЕ, ВРЕДИ И ЗНАМ.

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ