ДЕМОКРАТИ предупредуваат на една опасна состојба која максимално го разурнува македонското општество и македонската економија. Урбаната мафија која е поделена на неколку криминални јадра влегува во страшна пресметка во борба за територии, ДУП-ови, градежни маркици, општински локации и секое ќоше во Македонија каде бесправно, полуправно или замачкано под правен вел се градат десеткатници, дваесеткатници, молови и деловен простор. И се тоа со пари кои се непроверени, пари украдени од буџетот на државата, пари кои најлесно можат да се легализираат и исперат со градежната мафија.
Овие неколку јадра на градежната мафија се подделени помеѓу некогашната власт, сегашна опозиција, помеѓу сегашната власт, дваесетина ударни градоначалници, бизнисмени-пратеници и локални шерифи и мафијаши. Сега користејќи ги новите функции се судираат да се пресметаат со старите властодршци и да им ги превземат териториите и овластувањата. Борбата за пари и преперување на црните пари се разгорува до крајни граници, но не се престанува со градба.
Се гради во Карпош бесправно, се гради спроти Ист гејт Мол, се гради во Центар во Скопје, во Западна Македонија, се гради во центарот на Охрид,во Битола, секаде каде што може се кршат законите, историското наследство и се дигаат огромни зданија без инфраструктура, без училишта, болници, градинки, без паркови и уреден простор.
Зарем треба да напоменеме дека во Македонија од оваа борба на мафијата сплотена со владеачките партии, м2 станбен простор вештачки е кренат на повеќе од 2000 евра. Треба ли да кажеме дека апсурдот да биде поголем 70.000 станови зјаат празни, треба ли да кажеме дека во моментот се градат 30.000 нови станови, а пресметката само што пламнува со пријави и апсења.
Толку многу пари се украдени од ДПНЕ, СДС, ДУИ и градежната мафија што наскоро ќе почнат да градат насреде школските дворови и болничките паркинзи.
Фрштат кривични пријави за градежен криминал кои се всушност борба за превласт на фирмите блиски до владеачките структури. Сите историски локации се раскопани, Охрид е уништен, Скопје е еден голем бунар од кој извира вода, Битола со уништена животна средина, западна Македонија едно големо “Диво Насеље” без комуналии, катастар, една голема дивоградба. Македонија е претворена во голема дивоградба.
Ова мора да запре! Ова ќе не уништи!
СТОП ЗА УРБАНАТА МАФИЈА ВО СПРЕГА СО ПОЛИТИЧАРИТЕ!
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!