ЗАСЛУЖЕНА КАЗНА

Мицко во отчетот за (не)направеното во првите 100 дена меѓу другото вели : “Направивме и грешки, грешевме, ама кој работи греши”. Да, Мицко, ама од грешка до грешка има огромна разлика!
Едно е да се направи грешка во намера да се направи најдобро можно, а сосема друго е да се направи свесна, намерна и планирана грешка, со идеја ако се открие и дознае – да се прикаже како случајна и ненамерна! Тоа веќе не е грешка – туку зла намера и криминал!
Токму тоа го прават Мицко и ДПНЕ, сите лаги, неисполнети ветувања и криминали сакаат да ги претстават како ненамерни грешки, ама нема да им пројде. Ние ДЕМОКРАТИ знаеме какви нелуѓе и политички криминалци се, и ќе направиме се да ја добијат заслужената казна!
За оние што несвесно грешат се вели: Боже прости им, не знаат што прават. За Мицко и ДПНЕ ние ДЕМОКРАТИ велиме: Боже – казни ги што потешко – бидејќи точно знаат што прават, и тоа го прават свесно и намерно! Затоа бараме од граѓаните – дајте ни ја довербата, и ние ќе бидеме вашата божја сила што ќе им ја даде заслужената казна!
Претходно За жал, во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола, изгубивме врвни здравствени работници и прекрасни луѓе.

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ