ПЛАТИТЕ на наставниците и професорите ќе се зголемат за “феноменални” 0.7 %, во износ од околу 200 денари, додека директорите на училиштата ќе добијат 45% покачување

ПЛАТИТЕ на наставниците и професорите ќе се зголемат за “феноменални” 0.7 %, во износ од околу 200 денари, додека директорите на училиштата ќе добијат 45% покачување
ДЕМОКРАТИ бараат ИТНО оставка на претседателот на СОНК, Јаким Неделков, кој ги предаде интересите на вработените во образованието со предавничката спогодба која ја потпиша со министерката за образование Весна Јаневска, без поддршка од членството на Синдикатот за образование и наука.
Оваа коруптивна спогодба, предмет на институтот “Политичко коруптивно влијание за стекнување позиции”, на средби во четири очи, доведе до катастрофален договор по наставниците и професорите чии плати ќе се зголемат за “феноменални” 0.7 %, во износ од околу 200 денари, додека директорите на училиштата ќе добијат 45% покачување. Каков апсурд!
Ова е во стилот на лагите на ДРПНЕ од пред изборите дека ќе го врати зголемувањето на платите на функционерите од 78%, плус 500 евра, плус 500 евра назад. Се се состои во лага и измама со предизборни ветувања, во кои сега главен сојузник е Јаким Неделков кој ги предаде вработените во образованието за грст денари и за да остане вечно на функцијата.
Наместо да се разговара за подигнување на платите на наставниците и професорите на достоинствени 60.000 денари како што имаат актерите и глумците во театрите кои понекогаш месечно ништо и не работат, категоријата на луѓе кои 8 часа дневно се грижат за нашите деца, ги учат и ги воспитуваат е оставена на сума од 20.245 денари до 33.480 денари, додека предавниците во пратеничките клупи земаат по 120.000 денари.
Господа пратеници и предавници, кажете што направивте вие за вашите пари во изминатите години освен предавства, а што прават наставниците?!. Вас ако не сте функционери или пратеници никој нема да ве прими на работа, но затоа децата кои ги учеа нашите трудољубиви наставници и професори ги примија во целиот свет.
Наместо да ја ревидирате работата на директорите на училиштата (посебно средните) кои се обогатија на провизијата од екскурзиите, и од баналните униформи и што уште не, и да им ја проверите имотната состојба која е енормна, вие ги наградувате со 45 % зголемена плата која сега ќе биде 80.000.
Значи, дека во оваа земја само криминалот се исплати, но не и чесната учителска работа. Секоја чест на чесните директори, но тие треба да се појават дури по ревизијата.
Со оваа лага и измама ДРПНЕ може да се збогува со гласовите на наставниците и професорите за локалните избори, затоа што ДЕМОКРАТИ ќе бидат тука да ги потсетуваат секоја недела кој им го направи тоа , и зашто наместо за плати Мицковски ги даде нивните 35 милиони евра за нов државен универзитет на албански јазик, покрај двата постоечки.
Кој вели дека љубовта на ВРЕДИ со пари не се купувала?!
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!
Претходно Виктор Орбан го штити Груевски, еден од најголемите политички криминалци што Македонија го имала! Дали Виктор Орбан е вистински пријател на Македонија?

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ