Преку глава ни е веќе од меѓусебните договорени напаѓања на СДС и ДПНЕ, демек кој повеќе ги ограбил и уништил Македонија и граѓаните, од ширење на вербален отров преку медиумите и социјалните мрежи, од опишувањата на катастрофално тешката ситуација во државата и од тврдењето дека нема решение за оваа ситуација!
Ако волци се настрват на стадо овци, има само две решенија: или овчарите ќе ги фатат волците или волците ќе ги изедат овците. Трето нема, тука нема преговарање!
Нашите волци од глутниците на СДС и ДПНЕ сакаат нас свесните граѓани да не убедат дека нема друго решение, дека мора некој од нив да е на власт и да ни ги краде парите, а ако некој од нас се побуни против нив – може и да настрада! Тие сакаат да останат на власт се додека не го изедат целото стадо овци, односно додека не ни ги украдат сите пари, и додека не се иселат сите умни луѓе од државата. Ама ние ДЕМОКРАТИ им велиме – нема да може!
Статус-кво ситуацијата и тврдењето дека нема решение им оди во прилог на волците, за да имаат повеќе време да ги изедат сите овци! А решение има, и тоа е одлична алатка за да се фатат сите овие волци и да се стават во затвор. Решението е: итна промена на криминалниот и коруптивен изборен закон со затворени листи, и воведување на отворените листи!
Ние ДЕМОКРАТИ одамна го кажуваме ова решение за најголемите проблеми во Македонија, кое одамна и многу ефективно се применува во ЕУ, ама него приглупите не го разбираат или се прават дека не го разбираат, а умните се плашат да зуцнат за него – да не ги изедат волците!
За нивна жал, во ДЕМОКРАТИ сме собрани најхрабрите и најумните луѓе, кои многу добро знаеме за огромната вредност на отворените листи, и не се плашиме тоа јавно да го кажуваме и бараме. А доколку криминалните глутници на СДС и ДПНЕ не ги воведат итно отворените листи, што е најверојатно ние ДЕМОКРАТИ на избори ќе ја нудиме оваа прекрасна можност и ова решение, со кое ние граѓаните ги совладуваме волците, им ги врзуваме и рацете и нозете и ги праќаме во кафез, каде што им е местото, а тие можат да завиваат по нас, колку сакаат! Не само што не им се плашиме, туку напротив – ги читаме како буквар!
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!