ИТНО РАСПУШТАЊЕ НА ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА

Наместо ненародната Влада составена од лажните патриотски партии на ДПНЕ-ЗНАМ да ја распуштат историската комисија на Македонија, таа составила нова комисија од нивни поддржувачи и полтронски послушници, да се докажува со комисијата на Бугарија дека постојат Македонци, македонски јазик, македонска историја и култура.
ДЕМОКРАТИ најостро го осудуваат формирањето на новата македонска историска комисија и одржување на средба со бугарската комисија вчера и денес, комисија која го понижува македонскиот народ, македонскиот јазик, историја и култура.
Бараме од Владата ИТНО да ја распушти историската комисија и членовите на истата да си поднесат неотповиклива оставка.
Ако тоа не го направите ќе ве сметаме за предавници на Македонскиот народ и Македонија!
Македонија вечна и вековита!
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!
Претходно КОГО ПОМИЛУВА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА И ДПНЕ, СО ПОМОШ НА МИНИСТЕРОТ ОД ЗНАМ?

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ