Со децении државата ни пропаѓа, криминалот и корупцијата растат, здравството и образовниот систем пропаѓаат, луѓето едвај преживуваат, а економијата ни преживува со должничко ропство од презадолженост. Исто така правниот систем не функционира, пратениците изгласаа неказнивост на функционерите и си ја зголемија платата скоро двојно.
Нема област или ресор каде не тонеме и пропаѓаме по сите основи, а државата ни е партизирана и заробена. И замислете, тие кои што ја раководеле државата до сега и кои се најодговорни за оваа ситуација – имаат лице да се пофалат со својата кариера, дека биле долгогодишни премиери, министри, функционери? Живи бруки!
Во секоја нормална држава кога некој функционер ќе постигне вакви катастрофални резултати – веднаш сам си дава оставка, не чека да го срамат со смена и се крие од јавноста, а не да се фали дека бил премиер, министер или директор на јавно претпријатие, градоначалник и сл.
Колку треба да си бездушен и алчен вака да ја уништуваш и крадеш својата држава и своите граѓани – и да се фалиш со својата работа за нив, да им се претставуваш како патриот или државник? И што е најбезобразно – за тоа да бараш апанажа, лично обезбедување, канцеларии и вработени на наша, државна сметка?
Ние ДЕМОКРАТИ одамна кажуваме дека овие криминалци и психопати, кои бездушно и безмилосно не лажат, крадат и уништуваат, се дојдени на тие места по пат на негативна селекција, како послушни полтрони на криминалните лидери на партиите, со помош на криминалните пратеници, и дека тие се производ на криминалниот изборен закон со затворени листи. Какви пратеници и функционери може да добиеме – ако изборниот закон со затворени листи ни е криминален? Па само криминални, многу логично!
Ние ДЕМОКРАТИ сакаме да направиме пратениците да бидат чесни луѓе и искусни професионалци , за кои граѓаните слободно и од срце, со максимална почит и доверба ќе гласаат на избори, и таквите пратеници да им служат на граѓаните и државата! Така нашите пратеници нема да бидат бруки, ќе ја унапредуваат државата на секое поле, и за тоа нема да бараат никакви бенефиции или апанажи, патни трошоци и сл. Тие ќе се гордеат со тоа што им служат, и со тоа што го направиле за граѓаните и државата, а оние кои нема да успеат да ги исполнат ветувањата и да одговорат на обврските – ќе има можност за нивно отповикување.
Како е ова можно? Многу лесно – со воведување на Отворените изборни листи и со гласање на избори за најквалитетните личности. А бидејќи криминалните политички психопати ова не сакаат сами да го направат – треба на следните избори сите масовно да гласаме за ДЕМОКРАТИ!
Ајде сите самите да си ја земеме судбината во своите раце, да ги казниме политичкиве аздисани арамии – со масовна поддршка за ДЕМОКРАТИ, и тоа уште веднаш!
ДЕМОКРАТИ секогаш за граѓаните!