Најостро го осудуваме хаосот со градскиот превоз во Скопје и вршењето геноцид врз скопјани, кои се оставени на милост и немилост од страна на ненародната Влада.
За жал ненародната Владата составена од ДПНЕ-ВЛЕН-ЗНАМ не е способна да го реши проблемот со градскиот превоз во Скопје и одбива да набави еколошки автобуси, на предлог на градоначалничката Данела, со цел да ја префрли целата вина за хаосот во јавниот превоз на неа, тактички работи и ја форсира да си даде оставка, за ДПНЕ да си постави свој полтрон за градоначалник на град Скопје.
Исто така криминалната ДПНЕ има мнозинство во советот на град Скопје повеќе од три години и после одржани 45 седници, одбива да гласа за набавка на еколошки автобуси и да го решат проблемот со јавниот превоз и да им ги скратат маките на скопјани.
Подолго време се врши геноцид врз граѓаните на Скопје и како ДЕМОКРАТИ бараме од властите итно да ги исплатат долговите за гориво, редовна исплата на платите на вработените во ЈСП и итна набавка на квалитетни еколошки автобуси.
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!