Македонските градови претворени во гасни комори, благодарение на злосторничките владеачки партии

Секоја влада зборува дека треба време да се реши проблемот со аерозагадувањето, но ние никако да посведочиме на негово решавање. Нема континуитет и редовно вложување во точни мерки кои ќе го намалат аерозагадувањето во најбрз можен рок. Ниту има точни мерки од претходните, а ни од оваа влада, ниту пак има соодветни вложувања.
🟦 ЕУ има нова Директива за квалитетот на амбиентниот воздух која ја донесе пред еден месец. Во неа ги менува граничните вредности за загадувачките супстанции и доаѓа некаде на половина пат до вредностите зададени од СЗО.
🟩 До 11.12.2026 земјите на ЕУ треба да ги достигнат досегашните зададени вредности, истите кои ги имаме и ние.
🟦 Новите стандарди треба да се достигнат до 1.1.2030.
🆕 Новата Директива бара воведување и компензација поради штетните последици на аерозагадувањето врз здравствената состојба на граѓаните, во случај да не се спроведат одредбите во дадените рокови. Воедно, се бара државата да не го направи процесот невозможен или претерано тежок.
🆕 Се бара и воведување на казни кои ќе бидат ефикасни, пропорционални и одвраќачки, за неспроведување на законските одредби и роковите.
🔴 Ние, скоро на почеток од 2025, сме далеку од сегашните зададени вредности, а како ли ќе ги достигнеме новите со ова темпо на (не)решавање на аерозагадувањето? Се работи за нашето здравје и право на живот?
СТОП за гасните комори и убиството на илјадници граѓани.
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!
Претходно Стевче, баба лаже, зграда не лаже!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ