НАЈОСТРО ЈА ОСУДУВАМЕ НАМЕРАТА НА НАЦИОНАЛИСТОТ-ИРЕДЕНТИСТОТ БИЛАЛ КАСАМИ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ТЕТОВО, ДА ГИ МЕНУВА ИМИЊАТА НА УЛИЦИТЕ ВО ОПШТИНА ТЕТОВО

Касами како градоначалник на општина Тетово и коалиционен партнер на ДПНЕ и ЗНАМ, сака да ги менува имињата на улиците во Тетово, со имиња на личности кои се дел од фашистичката коалиција од Втората светска војна, припадници на фашистичките балистички формации, имиња кои учествувале во војни и тероризам против безбедносните сили на Република Македонија и загрозиле јавна безбедност на наши или странски граѓани.
Затоа ДЕМОКРАТИ најостро ја осудуваат намерата на националистот-иредентистот Билал Касами да ги менува имињата на улиците во Тетово со гореспоменатите личности, и мораме да го спречиме во неговите намери.
ДЕМОКРАТИ, секогаш за Македонија и граѓаните!
Претходно Обраќање на претседателот на ДЕМОКРАТИ Јорго Огненовски до граѓаните на Македонија!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ