МАКЕДОНИЈА ТАГУВА!!!

ДЕМОКРАТИ со длабока тага ја примија веста за катастофалната трагедија што се случи во Кочани.
Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на загинатите деца и возрасните и им посакуваме побрзо заздравување на повредените.
Сите до еден треба да одговараат, од организаторот на концертот, газдата на локалот, проектантите на проектот за адаптација и пренамена, ревизорите на истиот, службеникот во ДСЗ кој дал позитивно мислење за ППЗ елаборатот, ревидентитетот во општина, контролорот и раководителот на урбанизам кои го издале решението за пренамена, градоначалникот кој го потпишал, изведувачите кои работеле, надзорите кои дале позитивен извештај, инспекторите кои не проверувале на терен…
Сите до еден имаат одговорност спрема починатите деца, спрема нивните семејства и спрема целата јавност.
Три класа гимназија збришани во еден миг, во град со големина на Кочани, па нема доволно свештеници да ги опеат и гробари да ги закопаат!
И после живеј, кога горат деца по дискотеки, луѓе по автобуси, пациенти по болници, кога те лечат со физиолошки раствор, кога те трујат со отровен воздух, кога се поплавуваат села поради бесправна сеча, кога горат шуми за некој после да гради и да се богати… Не е тоа живеење, преживување е!
Или сите колективно да се запалиме, или тоа да го направиме на причинителите на несреќите, трето нема!
Почивајте во мир златни деца!
Претходно ЗОШТО БУГАРИЈА Е НЕПРИЈАТЕЛСКА ЗЕМЈА НА МАКЕДОНИЈА?

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ