БУЏЕТ ВО КОРИСТ НА ВЛАСТА НАМЕСТО НА ГРАЃАНИТЕ

Буџетот од 6,7 милијарди евра најобемен досега, не само што не е развоен, туку е исклучиво потрошувачки и ризичен и ја турка државата во нови задолжувања, без реален економски раст. Вака планираниот буџет не стимулира продуктивност и инвестиции.
Капиталните инвестиции учествуваат со само 9,7% од вкупните расходи што е алармантно ниско ниво. Тоа значи дека државата троши за тековни потреби, наместо да инвестира во иднината. Со ваков пристап не се гради економија туку се купува социјален мир.
Особено загрижува што 31% од приходите се обезбедуваат преку нови задолжувања. Тоа значи дека секој трет денар што државата ќе го потроши е позајмен. Дополнително 1,25 милијарди евра се за отплата на стари долгови, што претставува речиси петтина од буџетот. Со други зборови, државата работи за да враќа стари долгови, а во исто време зема нови кредити што директно води кон фискална нестабилност. Само за камати, наредната година треба да се исплатат 346 милиони евра.
Јасно се гледа приоритетот на оваа власт – политички опстанок, а не јавен интерес. Наместо инвестиции во здравство, образование, социјална сигурност и подобрување на стандардот на граѓаните, Владата се одлучи да штеди токму на тие сектори кои ја држат државата исправена.
Средствата за заштита на животната средина и намалување на загадувањето се намалуваат, како и во здравството, образованието, судството, социјалната заштита, земјоделството и руралниот развој…
ДЕМОКРАТИ сметаат дека
овој буџет е огледало на власт што ја изгубила врската со реалноста на сопствените граѓани. Наместо да инвестира во економија и во иднината, власта купува време.
ДЕМОКРАТИ го прашуваат премиерот јавно да одговори, зошто не се инвестира во економија и зошто се кратат средства таму каде што државата треба да биде најсилна: економијата, здравство, образование, социјална сигурност и правда.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека со ваков буџет, државата не се движи напред туку тапка во место, не уназадува и сè повеќе тоне во долгови, сиромаштија и наместо развој, нуди нови задолжувања и безнадежност.
ДЕМОКРАТИ секогаш за доброто на граѓаните и Македонија!
Претходно ДЕМОКРАТИ СЕКОГАШ ТВРДЕЛЕ-БУГАРСКИОТ НАРОД НЕ Е ПРОБЛЕМОТ, ПРОБЛЕМ СЕ БУГАРСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ