ВО ПРИРАЧНИКОТ ЗА ДЕЦА ОД 13-14 ГОДИНИ ПИШУВА: ,,ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ СО РОДОВИОТ ИДЕНТИТЕТ”, А МИНИСТЕРКАТА ЈАНЕВСКА ГО ДОЗВОЛИ ТОА

Министерката за образование Весна Јаневска не само што
направи тотален хаос во
образованието (последиците допрва ќе се рефлектираат),многу често не знае што зборува и носи избрзани одлуки и не се грижи за последиците од тие одлуки.
Прирачникот за ССО (сеопфатно сексуално образование), содржи спорни елементи и навлегува во “родова идеологија”, поради што има отпор кај здруженија на родители, и поради тоа е повлечен.
Во прирачник за деца од 13–14 години пишува: „експериментирање со родовиот идентитет“.
Дали е хумано дете да се посомнева во сопственото тело и идентитет?
Што ќе му кажете на 13-годишното момче кое ќе заклучи дека не е момче?
Што ќе ѝ кажете на девојчето во пубертет, кое ќе заклучи дека има „друг родов идентитет“?
ДЕМОКРАТИ сметаат дека државата и образовниот систем немаат право да се мешаат во родовиот идентитет и да го отворат прашањето кај децата „дали воопшто си тоа што си роден“!
Неспособната министерка за
образование Јаневска направи тотален хаос во образованието и поради тоа ДЕМОКРАТИ подолго време бараат, таа да си даде неотповиклива оставка. Таа не смее да си игра со родовата сензитивност и да прави експерименти со децата, тоа е крајно нехумано и надвор од разумот!
ДЕМОКРАТИ БАРААТ
НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА НА МИНИСТЕРКАТА ЈАНЕВСКА ВЕДНАШ!

Претходно ИТНО ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН КОЈ БИ ЗАБРАНИЛ ИЗГРАДБА НА ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА ПЛОДНО ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ