Универзална сала

Универзалната сала е изградена со помошта што на Скопје му ја упатија граѓаните, хуманитарните организации и владите на многу земји од Авганистан, Австралија и Аргентина до Уругвај, Цејлон и Чиле и странските туристи што на денот на катастрофата се најдоа во Скопје.
Овој објект треба да остане како траен симбол на меѓународната човечка солидарност во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес од 26. Јули 1963 година.
Потребата на луѓето да се идентификуваат со својот град и развиваат припадност е општа и човечка потреба, носталгијата и сентименталноста кон спомените се лични.
Универзалната сала треба да се реновира и редовно одржува затоа што е симбол на градот, затоа што ваквите објекти се дел од историјата на архитектурата која на Скопје му недостасува.

Тим од архитекти од ДЕМОКРАТИ

Порта Буњаковец бр.19 1000 Скопје demokratimk@yahoo.com