За нас
За нас
ДЕМОКРАТИ се сила, ДЕМОКРАТИ се моќ, ДЕМОКРАТИ се народот, формирани од народот и секогаш се борат за доброто на народот и Македонија.

Порака од Претседателот
Како претседател на ДЕМОКРАТИ, заедно со група граѓани кои се чесни луѓе со големо животно и работно искуство, при вака лош амбиент во државата, при континуирано водење лоши политики кои создаваат чувство дека процесот на деструктивност и уништување е несопирлив, бевме силно мотивирани да ја формираме ДЕМОКРАТИ како партија, за заедно со народот да отпочнеме активности и работиме на создавање услови за подобар живот и силно развиена економски и правна држава.
ДЕМОКРАТИ - ПРИНЦИПИ И ВРЕДНОСТИ
Партијата ДЕМОКРАТИ е независна сила управувана од силна желба за длабоки општествени промени и мотив што другите не го поседуваат
03
Демократија, владеење на правото, поделба на власта
Демократијата е многу сложена идеја што вклучува голем број принципи на функционирање, механизми и институции.
Индивидуална слобода, лични права и слободи
Развиените демократии во својот центар го имаат човекот – поединецот. Тоа не е „себичен“ пристап кој го исклучува општеството или интересот за општото добро.
Приватна сопственост, повлекување на државата од економијата
Индивидуалниот развој е директно поврзан со почитувањето на имотот.

