Изборната програма на политичката партија

ДЕМОКРАТИ

за Парламентарни избори 2024 година

Најава
– ОПШТЕСТВЕНИ ПРОМЕНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ИНСТИТУЦИИ, ПРАВОСУДЕН СИСТЕМ, ПРАВИЧНИ ПОСТАПКИ БЕСКОМРОМИСНА БОРБА СО ПОЛИТИЧКИОТ И ДРУГИТЕ ОБЛИЦИ НА КРИМИНАЛ, ТРАНСПАРЕНТНОСТ
– ОДРЖЛИВА РАСТЕЧКА ЕКОНОМИЈА, ИНВЕСТИЦИИ, ТРГОВИЈА, РЕВИДИРАЊЕ НА ДАНОЧНАТА ПОЛИТИКА, ПОДОБРУВАЊЕ НА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД
– ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА, ПОДОБРУВАЊА ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
– СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА И ЗАШТИТА НА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ И НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Изборната програма на политичката партија ДЕМОКРАТИ за Парламентарни избори 2024 година

Политичката партија ДЕМОКРАТИ е граѓански концепт на партија, која работи пред сѐ, за доброто на граѓаните и на државата. ДЕМОКРАТИ предагаат да се направат суштински промени во сите области на политичкиот, државниот и општествениот живот, кои континуирано се уриваа минативе децении.
Сите сме сведоци дека во овој период Македонија назадува во секоја област од живеењето поради погубните политики кои ги водеа СДСМ/ДПМНЕ/ДУИ и нивните коалициони партнери. Тоа се политиките кои го обезвреднија нашето живеење и доведоа до масовно исселување од домашните огништа.
За да се спречи натамошното девастирање на државата, ДЕМОКРАТИ влегуваат во нерамноправна трка на парламентарните избори, за народни претставници во Собранието на Македонија. Со поднесување на кандидатски листи за сите изборни единици, ДЕМОКРАТИ со поддршка на македонските граѓани кои имаат потреба и смелост, заедно, на досегашните владеачи со државата од СДСМ/ДПМНЕ/ДУИ и нивните коалициони партнери, сакаме да им порачаме:

Д О С Т А Е !!!

ДЕМОКРАТИ ве повикуваат на овие историски избори, заедно да кажеме доста е од:

  1. Погрешно уредено политичко управување;
  2. Нефункционалниот правен систем и невладеење на правото;
  3. Богатењето на политичките елити и политичкиот криминал и криминалот од сите видови и корупцијата;
  4. Осиромашување на граѓаните и масовно исселување од државата на младите стручни кадри и повозрасните работоспособни граѓани;
  5. Катастрофалната економска политика и уништување на економијата, уништување на приватни фирми и обезвреднување на државните фирми кои сѐ уште се во постапка за нивна приватизација за да им се доделат во нелегални постапки на политичките моќници;
  6. Лошите услови во сите области од стопанството и уништувањето на одредени области;
  7. Лошата даночна политика и многуте скриени давачки, плаќање на услуги кои не ги добиваме, сето тоа на товар на граѓаните и стопанството;
  8. Катастрофалната инфраструктура;
  9. Енормното загадување, уништување на животната средина;
  10. Катастрофалното образование, наука , култура, спорт;
  11. Катастрофалната социјална заштита на сите видови загрозени и ранливи граѓани;
  12. Катастрофалната внатрешна и надворешна политика, поддржана од нашите политичари.
Во нашата Програма за овие предвремени парламентарни избори, нема да користиме, графикони, разни алгоритми, показателни пити, прикази во убаво стокмени слики за очи, за да покажеме што е во нагорна, а што во надолна линија. Евидентно е дека нашиот живот од ден на ден е сѐ полош, државата руинирана, деградирана и уништета во секоја област, односно сѐ е по надолна линија.
Како ДЕМОКРАТИ, потпирајќи се на нашето животно и професионално искуство, од неправдите кои нѝ беа нанесени од „владеачите“, дополнителното секојдневното осиромашување и уништувањето на државата имаме потреба со пишан збор да ви ги кажеме нашите заложби кои се однесуваат за сите кои живееат во Македонија.

Ние нема да користиме рокови и периоди, за реализирање на нашите предлози бидејќи нашата намера не се празни ветувања за прибирање на политички поени, туку остварување на остварливото, и приоритетното за сите нас.
ДЕМОКРАТИ ве повикуваат да не им дозволиме, на досегашните владеачи и во иднина да нѐ држат во модерно ропство. На овие предвремени парламентарни избори ДЕМОКРАТИ за својата девиза за ФУНКЦИОНАЛНА ДРЖАВА предлагаат:

ОПШТЕСТВЕНИ ПРОМЕНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ИНСТИТУЦИИ, ПРАВОСУДЕН СИСТЕМ, ПРАВИЧНИ ПОСТАПКИ БЕСКОМРОМИСНА БОРБА СО ПОЛИТИЧКИОТ И ДРУГИТЕ ОБЛИЦИ НА КРИМИНАЛ, ТРАНСПАРЕНТНОСТ

Попис во Македонија не е спроведен од 2002 година, иако таквата статистичка операција е показател за многу идни ангажмани на државните институции во поглед на животот на граѓаните. За собирање на подетални информации, покрај попис на населението и домаќинства треба да се направи и попис на индустриските и стопанските капацитети, земјоделскиот, сточниот фонд, инфраструктурата, природните ресурси со кои се располага. Врз основа на податоците од пописот може да се планира извршувањето на сите државни функции во сите области и да се планира развојот на економијата.
За избор на способни, стручни и одговорни наши претставници во собранието, а не за непознати кандидати за пратеници блиски до политичките моќници на затворените листи, со што се овозможува одлуките да се носат во партиските седишта наместо во собрание.
Неопходно е итно пререгистрирање на сите партии со етнички предзнак и етнички, верски и други различности за да бидат демократизирани, нивната работа да биде насочена кон благосостојба на сите македонски граѓани, а не само за одредена група на граѓани. Да се спречат делбите и поделбите по етничка, верска или друга различност.
Симболично финансирање од буџетот на партиите би довело до реален политички натпревар на сите партии, без разлика дали се парламентарни или вон парламентарни, за спречување на фаворизирањето на партиите кои имаат монопол врз гласачкото тело врз основа на криминални партиски вработувања во државните институции.
За спречување на изигрување на волјата на гласачите, кои се раководеле на изборите по одредена идеологија, за искоренување на политичкото пазарање за лични цели на штета на гласачот и државата со носење на нарачани одлуки, преку програмата се изјаснуваме за законско решение на оваа појава, која досега се покажа како погубна за македонските граѓани.
За фунционално собрание предлагаме драстично намалување на бројот на пратеници, наместо сегашните 120 пратеници од државава и 3 од дијаспората. Пратениците како претставници на народот не треба да имаат пратенички имунитет, да добиваат дополнителни средства за патарини и други давачки, а нивната плата да биде доволна за должноста за која се избрани.
Најдемократски и правилни одлуки се носат само на обврзувачки референдум за граѓаните со нивно непосредно изјаснување, со кое сами ќе одлучуват за својата иднина, благосостојба и живеење. Такви референдуми треба да се практикуваат за значајни промени во државата, за големи задолжувања во име на народот и за капитални инвестиции.
За правилно и непречено извршување на локалната самоуправа доволни се многу помалку општини, наместо сегашните 80. Голем број од сегашните општини не можат да функционираат со сопствени средства, па се обезбедуваат од централниот буџет. Имаме нефункционални општини во кои има незадоволителни образовни, здравствени и други услуги за жителите.
За целосно непотребни и баластни по народниот буџет ги сметаме: функцијата министер без ресор, функцијата заменик директор во државните органи. Функционален државен апарат може да се обезбеди со 11 министерства наместо со 26, а бројот на државните органи да се намали за половина. Избраните и именувани функционери во министерството или во орган на државна управа да бидат лица кои имаат најмалку 10 години работно искуство во министерството или органот на државната управа. Се укинуваат голем дел од позициите на советници во претседателскиот и владиниот кабинет, бидејќи позициите се покажаа како „платежно средство“ за непрофесионални и партиски зависни личности.
Правично вработување и унапредување во кариерата на стручни и компетенти лица, дефинирани работни задачи, работни нивоа на работните места, за да може правилно да ги извршуваат надлежностите во државните органи. Сето ова да биде уредено со еден закон, а не со многу закони кои дозволуваат различни толкувања, како што е сега.
За овие вработени предвидуваме, нивните права и обврски да бидат уредени со посебни закони од причина што нивните работни обврски не се административни, туку стручни со посебни знаења и вештини. „подобрување на работењето на администацијата со скратување на постапки и нивна компјутеризација“. За да се подобрат условите за работа, а да се скратат долгите постапки со можност граѓаните, преку компјутерски апликации да бараат и добиваат документи, да предочуваат проблеми и да бидат информирани за разрешување на истите.
Носење на посебен закон за спроведување на оваа постапка и формирање на посебен орган со сите овластувања за правилно спроведување постапка за проверка на имотната состојба на политичари и економски магнати од 1991 година наваму. Доколку не може да се докаже потеклото на имотот, следува конфискација и утврдување на одговорност, како за стекнувачите на имотот, така и за нивните соучесниции. Во законот да се предвиди и укинување на можноста за застареност за ваков облик на криминал.
Поради незаконското нивно обезвреднување и преминување во сопстеност на одредени политичари и нивни блиски лица.
Со целосен реизбор на судии и обвинители кој ќе се изврши со специјален закон со точни и прецизни критериуми и во транспарентна постапка. За судија и обвинител во основна инстанца да се избере лице кое работело исклучиво на правосудни работи, а изборот во повисоките инстанци да биде само на лица од пониските инстанци на судови и обинителства. На ваков начи ќе се спречат досегаштите политички одлуки при избор на судии и обвинители.
Со оглед на фактот што денес, во најголем дел, судските одлуки се носат под влијание, особено политичко и со тоа се загрозува правичната заштита на човековите права во судска постапка, потребно е да се формира судско тело кое во разумно време ќе ги работи постапките. Со тоа македонските граѓани ќе бидат заштитени од бројни давачки, а македонската држава ќе се заштити од исплати на казни по меѓународни пресуди за неразумно долги судски процеси.
Оневозможување на спогодба на јавниот обвинител со сторител на кривично дело за видот и висината на казните. Сегашната казнена регулатива овозможува неефикасни кривични постапки, разноликост при изрекување на казните за исти дела, изигрување на институтите во законите, за да се избегне кривичната одговорност. Спогодбите кои ги склучуваат јавните обвинители со сторителите на делата е погрешно воведен институт, бидејќи не се води доказна постапка која може да ја води само судот, па овие спогодби се склучуваат по принципот „признај половина ти се простува“. Најчесто овие спогодувања се носат под политички притисоци и се злоупотребуваат од страна на надлежните, а без докажана вина на „виновникот“.
Целокупното постапување на државните органи и управните судови да биде во рок од една година бидејќи овие постапки траат со години, понекогаш со децении и во најголем дел не можат да се остварат одредени права поради нивото гломазно уредување.
Долгите и скапите извршни постапки со преминување на извршувањето во надлежност на извршителите, наместо олеснување на постапката создадоа уште поголема група на должници кои во овие постапки плаќаат огромни суми за извршителски награди и трошоци. Непрестанување на течење на каматата за цело време на долгот регрутира уште поголема сиромаштија и загрозување на егзистенцијата на лицата кои имаат долг, сето тоа на сметка на енормното збогатување на извршителите.
од причина што поради висината на судските такси голем број на граѓани кои немаат доволно средства да бараат заштита на своите права пред судовите, а високите нотарски такси ги оневозможуваат граѓаните да ја изразат својата воља и да ги регулираат своите права и обврски во нотарски акт.
За граѓаните да имаат увид колку се платени сите нивоа на работни места, кој и колку репрезентации, награди, патни трошоци добива, колку службени возила се возат и колку е потрошувачката на гориво и тоа за сите вработени, не само за избраните и именуваните функционери. Истп така намалување на возниот парк 60 проценти.
За да биде објективно информирана за сите настани, да се исклучи политичкото влијание врз медиумите и кое било влијание кое не придонесува за објективно инфнормирање.

ВНАТРЕШНА И НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

со која ќе се почитуваат правата на граѓаните, ефикасно фукционирање на институциите и правилно спроведување на нивните надлежности„ поради тоа што во нашета држава граѓанинот е маргинализиран, институтциите партизирани. Се залагаме времето на делби и поделби да биде минато. Да нема наши и ваши. Секој поединец да биде ослободен од стравот и стресот, да се создаде чувство дека секој е пожелен граѓанин во оваа држава. Граѓаните да можат да ги остварат сите загаранитани уставни и законски права, воедно да понесе и одговорност за своите постапки. Институциите да бидат функционални во корист на правилно функционирање на државата и граѓаните и да се ослободат од влијанието на политичарите. Да поставиме внатрешна политика за функционална држава, за нас секој граѓанин има вредност.
врз основа на добри намери со сите држави, со заемно почитување, без какви било претензии или истакнување на различности и без компромис и отстапки од наша страна за клучните државни, историски и културни придобивки“ за надворешната политика да овозможи развој на нашата економија, трговска размена и сорботка во секоја област. Нема да прифатиме во надворешната политика барање на друга држава за отстапки од наша страна со кои се брише нашиот идентитет, историја, култура. Во надворешната политика ќе се раководиме од меѓународните договори и декларации кои го штитат суверенитетот на секоја држава и нејзиното право на самоопределување, уредување и одредување на државните симболи. Во однос на склучениот таканаречен преспански договор ќе побараме референдуско изјаснување на граѓаните за неговото прифаќање или не прифаќање. Ќе го прекинеме договорањето со Бугарија доколку не се откажат од поставените ултиматуми со кои се загрозува идентитетот на македонецот.
за проширување на меѓународната соработка, размена на стоки и услуги, презентирање на состсвената традиција, култура и историја. Овозможување на размена на знаења преку поставување на систем за размена на знаењето од образованието, информатиката, иновациите.
врз основа на добри намери со сите држави, со заемно почитување, без какви било претензии или истакнување на различности и без компромис и отстапки од наша страна за клучните државни, историски и културни придобивки“ за надворешната политика да овозможи развој на нашата економија, трговска размена и сорботка во секоја област. Нема да прифатиме во надворешната политика барање на друга држава за отстапки од наша страна со кои се брише нашиот идентитет, историја, култура. Во надворешната политика ќе се раководиме од меѓународните договори и декларации кои го штитат суверенитетот на секоја држава и нејзиното право на самоопределување, уредување и одредување на државните симболи. Во однос на склучениот таканаречен преспански договор ќе побараме референдуско изјаснување на граѓаните за неговото прифаќање или не прифаќање. Ќе го прекинеме договорањето со Бугарија доколку не се откажат од поставените ултиматуми со кои се загрозува идентитетот на македонецот.
за проширување на меѓународната соработка, размена на стоки и услуги, презентирање на состсвената традиција, култура и историја. Овозможување на размена на знаења преку поставување на систем за размена на знаењето од образованието, информатиката, иновациите.
За градење на стабилна економија, државата треба да додели заеми без камата за првите три години и да ги поедностави процедурите за започнување на работењето.
За условите да бидат исти без разлика на потеклото на средствата кои се вложуваат неопходно е менување на сегашната инвестициона политика, која дава големи предности и олеснувања за странските инвеститори, што не се однесува за домашните инвеститори.
со субвенции од државата до 50 проценти од инвестицијата за нивното отворање и потребната опрема и олеснување на условите за нивното функционирање, под услов истите да работат 7 години од денот на отворањето.
Со запирање на започнатите стечајни постапки и неотпочнување на нови, а за да се спречи нивното обезвреднување за да преминат во приватна соственост. Овие стопански капацитети можат да се рестартираат со буџетски средства, ќе се овозможи враќање на производство на производи кои ги произведуваа и отворање на нови работни места и ќе останат во државна сопственост сѐ до нивното успешно работење.
во која треба да се даде анализата на сегашната економска состојба на државата, со кои индустриски, производствени и преработувачки капацитети располага македонската економија, колку се извозно ориентирани, колку придонесуваат во буџетот и предлагање на конкретни мерки кои треба да се преземат со цел развој на досегашните капацитети и отворање на нови„ без добро подготвена анализа на целокупната сегашна состојба за која цениме дека е стихијна, не може да се планираат идните активности за развојна и стабилна економија. Зависно од анализата би следеле пакет мерки со олеснувања за отворање на големи, средни и мали фирми. Зависно од големината на капиталот кој би се инвестирал ќе следат даночни и други олеснувања, а за развој на одредени гранки од индустријата ќе следат неповратни средства комбинирани со бескаматни заеми. „ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ“ со доставување на понуди до познатите успешни странски фирми, формирање на тимови од експерти за договарање и преговарање на државата со нив за олеснувањата и поволностите за да инвестираат во Македонија.
во нашето секојдневие сведоци сме на разни уцени со кои се соочуваат сопствениците на приватниот капитал, било преку посредници, било преку многукратни инспекциски контроли со изрекување енорми казни. Овој начин на дејствување на политичките моќници мора целосно да се искорени и да се создадат услови за реална бизнис-клима преку лојална конкуренција за сите приватни фирми. Сите приватни стопанственици кои се соочиле во изминатите години со вакви притисоци, после кои го изгубиле својот бизнис, ги затвориле фирмите треба да ги пријават таквите активности на политичките и други моќници. Во сите случаи во кои ќе биде откриен и утврден притисок, следува одговорност со конфискација на имотот кој преминал во друга сопственост со политички притисоци и уцени. За реализација на оваа мерка ќе се донесе специјален Закон.
За задржување на младите во Македонија и спречување на нивното исселување, ДЕМОКРАТИ предвидуваат реални активни мерки на државата и субвенционирање на новиот бизнис во првите три години. Помош треба да добиваат младите преку посебна програма за секоја област, со категоризација според потребни средства, субвенционирање според висината на вложени финансиски средства, како и овозможување на бескаматни заеми од државата.
Поголем дел од повозрасната популација во сѐ уште таканаречениот транизионен период ги изгуби и сѐ уште ги губи работните места. Дел од оваа популација има потребни знаења и квалификации за отпочнување на свој бизнис, а моментално е во социјален ризик, не може да ги исполни условите за пензија, преживува на сметка на своето семејство. За активно вклучување во процесот на производство, преработувачка, државата да го субвенционира отворањето на сопствени мали бизниси, со кои ќе можат самостојно да обезбедат примања за себе и да вработат други лица.
Градење на индустриски капацитети и мали и средни препријатија, се решение за ова горливо прашање, а основа на развиена економија е успешното работење на секој сектор. Со активни мерки за развој на земјоделството, сточарството, услужните дејности, со правилно поставени политики за развој на сите сектори за 4 години невработеноста може да биде драстично намалена. Стапката од 20 проценти на невработени лица е нереално прикажана бидејќи во овој процент се внесени само лицата кои редовно се евидентираат во Агенцијата, но ние сметаме дека оваа стапка е двојно поголема.
За обезбедување на достоинствено живеење потребни се брзи и ефикасни мерки за зголемување на примањата на граѓаните и воспоставување на средна класа од причина што повеќе од половина на полулацијата живее во сиромаштија, а малкумина политички ангажирани, и нивни блиски, станаа екстремно богати. Сегашната минимална плата не е доволна за пристоен живот, а сегашниот начин на одредување на просечна плата е нереален. Предлагаме зголемување на платата на минимум од 30.000 денари месечно. Платата треба да биде поврзано со вредноста на потрошувачката кошница на месечна основа и скриената инфлација.
Зголемувањето на пензиите е неопходно за сите граѓани кои имаат пензија не пониска од 15.000 денари. Предвидуваме и годишна корекција на пензиите во висина на процентот од скриената инфлација.
За ова предвидуваме да се изврши целосна анализа на сегашната даночна политика. Со ангажирање на домашни и странски експерти треба да се предложи промена на даночните стапки, или воведување на нови даночни стапки, а со кои треба да се овозможи развој на економијата. Потребни се измени на даночни стапки од причина што данокот на додадена вредност од 18 проценти е високо определен. Се залагаме данокот да биде 6 до 7 проценти. Ќе се залагаме за прогресивен данок на проход.
За да се види со кои сѐ непотребни и непознати давачки сме оптоварени, треба да се направи анализа, подоцна достапна за граѓаните. Треба да знаеме дали постојат, ако постојат колкави се, кои се, дали се реални и каде завршувале средствата собрани на име на овие скриени давачки и трошоци.

ВОВЕДУВАЊЕ НА СОВРЕМЕНИ ТЕХНОЛОГИ И ИНОВАЦИИ

која треба да и помогне на развојот на нашата економија. Познато е дека повеќето капацитети работат со застарена технологија или рачно произвотство. ДЕМОКРАТИ предвидуваат, по стопански гранки, да се утврди со примена на кои технологии треба да се зголеми продуктивноста, на кој начин да се воведат и како да бидат субвенционирани од државата. Во изработка на оваа програма ќе бидат вклучени домашни и странски експерти во соработка со коморите и другите тела. Оваа програма треба да се донесе во рок од 6 месеци поради лошата и катастрофална состојба во економијата и целокупното стопанство.

Стручните лица, ангажирани од ДЕМОКРАТИ, треба да помогнат во воведувањето на современи технологии во преработувачката дејност за поголема продуктивност на стопанството, во земјоделството и во сточарството. Со тоа, треба да се зголеми производството и потрошувачката, да се намалат трошоците за производство или преработка, што ќе доведе до намалување на цената на производите и ќе се овозможи поголема конкрентност на домашниот и надворешниот пазар.
Од страна на голем број на иноватори изготвени се иновации во различни области кои ќе се иплементираат од страна на државата. За употреба на овие иновации ќе се објави јавен повик за нивно доставување до специјално формирано тело, да бидат разгледани во транспарентна постапка, ќе се утврди начинот на нивната употреба и ефектите кои ќе се постигнат од нив. За ефективните и употребливите иновации ќе се додели правичен надоместок за иноватор, а зависно од ефектите на иновацијата ќе се понуди приватно-јавно партнерство.
со кои ќе се подобрат условите и продуктивноста во сите гранки на стопанството, посебно за идустриското производство, производството на енергија од обновливи извори на енергија, складирање и управување со отпад и отпадни води, спречување на загадувањето, иновации за здравството, врвни комјутерски иновации.
од причина што до сега се доделуваа средтства за иновации кои не овозможија никавка продуктивност во областа за која беа доделени, како и поради субјективното и пристрасно доделување на овие средства на личности блиски до власта.

ПОДДРШКА НА ЗАНАЕЧИСТВОТО И УСЛУЖНИТЕ ДЕЈНОСТИ

Поради нашето опкружување кое сѐ уште е на низок развој на граѓаните и одредени приватни фирми сѐ уште имаат потреба од одредени занаетчиски дејности. Занаетчиите може да се каже дека немаат никаква поддршка од државата за одржување на својот занает. Истото е и со услужните дејности. Од оваа причина потребно е за вршителите на услуги, кои откако ќе ги платат разните давачки за закуп, за давачки кон државата и остваруваат примања од својот занает помали од минималната да се субвенционираат до просечната плата во државата. Оние кои остваруваат профит до 100.000 денари месечно да бидат оданочени со данок со даночна стапка во висина од 3 проценти. Изгубените занаети, кои е потребно повторно да се вратат да бидат целосно субвенционирани од државата во првите три години. За правилно постапување на оваа активност ќе се донесе програма во која за една година ќе се реализираат потребните активности од државата.

ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ

во која ќе се утврди во кои места и реони ќе се развива туризмот, а согласно природните потенцијали, историското и културното наследство кое го имаме, а за зголемување на туристичката понуда и остварување на профит од дејноста туризам.
На неколку планиви во Македонија сѐ уште има објекти кои порано беа одморалишта, сега истите од страна на државата се напуштени и оставени во процес на обезвреднување за да преминат во приватна сопственост. Овие објекти треба да се реконструираат и уредат за привлекување на туристи за развој на планинскиот туризам.
за развој на зимскиот туризам и искористување на природните терени на Пелистер, Маврово, Попова шапка, Кожув и Калин камен за привлекување на домашни и странски туристи, а од причина што моменталниот зимски туризам е сведен на еднодневни излети.
изобилуваме со прекрасни селски предели во кои може да се развие селскиот туризам со изградба на мини локалитети кои ќе ја имаат автентичноста, спецификата на областа. Овие мини села наменети за престој на туристи ќе содржат, престојувалишта, ресторани, културни содржини со етно белезите на тој предел. Државата ќе ги субвенционира изгардбите на вакви села до 20 проценти од износот за градба.
сезоната на езерскиот туризам е сведена два месеци на годишно ниво. Најчесто поради немање на доволно содржини за рекреација, несоодветни сместувалишта или прескапи сместувања во подобрите хотели. Потребата од обновување на постојните камп одморалишта и градење на нови е неопходна за привлекување на туристи миленици на ваков вид на летување и можност овој вид на летување да биде користено од граѓани кои не можат да си дозволат од економски причини летувања во скапите летувалишта.
искористување на потенцијалите од минерални води во регионите на Куманово, Кочани, Велес, Гевгелија, Струмица, Дебар… кои можат да понудат покрај рекреативен бањски туризам и бањско-здравствено лекување и рехабилитација од одредени здравствени состојби. Постоечката бања во Катланово треба да се реновира и прошири со цел да се добие модерен бањски центар.
градовите во Македонија и нивната околина изобилуваат со разни историски, културни, обичајни содржини кои ги прави различни од другите. Во голем број градови има градби кои се стари со векови, во нивна близина разни историски значајни ахолошки пронаоѓалишта, голем број на стари верски објекти. Сето ова нуди можност за реонски туризам за милениците на кратки патувања.

ИНФАСТРУКТУРА И ГРАДЕЖНИШТВО

постарите атвопати се во исклучетилено лоша состојба и потребна е нивна реконструкција. Приоритет во доградба треба да се даде на веќе започнатите градби на автопати кои доцнат со години. Приоритет на изградба на нов автопат треба да се даде на поврзување на битолскиот, прилепскиот регион и соседните населени места.
поради малиот број на изградени километри на автопат и поставени наплатни пунктови речиси на секои од 50 километри пат, а некаде и помалку потребно е да се намалат патарините за 50 проценти и да се воспостави современ начин на наплата при влез и излез од секој автопат.
голем дел од населените места међусебно се поврзани во влез и излез во нив. За да се избегне влегување на возилата во овие населени места потребно е нивно међусебно поврзување со реонски патишта изградени надвор од населените места.
до голем дел од населените места но особено во близина на граничнит појас на државата, во мариовскиот дел, светиниколско, скопско, на уште многу други места немаат асфалтирани патишта и инфрастуктурно се отсечени од поголемите градови.
со градење на пешачки и велосипедски патеки, уредување на паркови и поставување на нови со реквизити за спорт и рекреација, уредување на просторите околу семејните згради, решавање на проблемот со паркирање со градење на катни гаражи, воведување на зони во централните градски подрачја без пристап на патнички и товарни возила.
оваа инфраструктура е неопходна за пристап до стопанските капацитети, кој во најголем дел се врши низ населените места, централните градски подрачја со што се нарушува движењето на населението, се загрозува сигурноста во сообраќајот и се зголемува загадувањето.
која целосно е запоставена, а превозот и транспортот на стока по железнички пат е најефтин. Затоа потребно е поврзување со градење на пруга до Бугарија, железничко поврзување со Албанија, реконструкција на внатрешната инфраструктура и набавка на современи вагони за превоз на патници и транспорт, од причина што железничкиот сообраќај е најефтин за превоз на патници и транспорт на стока.
во кој ќе бидат опфатени изградените стамбени и стопански капацитети со утврдување на критериуми каде и во кој делови може да се градат стамбени и стопански капацитети, а ѕа да се спречи урбаниот хаос од градење на станбени објекти и градење на стопански капацитети во населените места.

РАЗВОЈ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И СТОЧАРСТВОТО

Поради тоа што производството на овие култури е стихијно, со мали приноси, потребно е изработка на агрокарта во која ќе бидат опфатени сите обработливи површини, како и оние кои не се обработливи, а можат да се пренаметат во обработливи. По состав и содржината на почвата ќе се одреди кои култури успеваат да се засадат на нив. Да бидат одредени највеќе до три култури и колку би бил приносот од нив. Оваа агрокарта ќе биде изработена од експерти во оваа област и во неа ќе биде обработливото земјиште во државна и во приватна сосптвеност. Во случај приватните сопственици да не се придржуваат вo однос на утврдениот насад во оваа агрокарта на истите да не им се исплаќаат субвенции за производство на овие култури.
Државата ќе изработи програма и ќе ги подготви мерките со кои повеќе лица можат да регистрираат своја задруга за окрупнување на обработливото земјиште, заедничка употреба на земјоделската и друга механизација, заедничко формирање на цена на производите и нивен пласман и продажба. За секоја формирана задруга државата ќе субвенционира износ од 5.000 евра, неповратно со услов истата да функционира 3 години.
само на лица исклучиво регистрирани за производство на земјоделските, градинарските култури и индустриски култури и сточарство и кои не остваруваат други приходи“ за зголемување на средствата за овие лица и оневозможување на доделување на субвенции на лица кои имаат други приходи, а побаруваат субвенции за сопствените обработливи површини. Со ова ќе се поттикне производството, воедно ќе се овозможи овие лица да имаат можност за проширување на својата дејност со отворање на мини производствени капацитети на своите производи.
За поволната клима и амбиентот на почвата во Македонија, потребно е да се изготви стратегија со која ќе се определни начинот на зголемување на приносите од зрнести култури посебно оризот, тутунот, сончогледот, како и да се врати масовното производство на шекерната репка, афинонот, памукот, ленот и сусамот. Од градинарските култури се намали производството на грав и други шумкасти производи, кромидот, лукот и уште многу други. Од овошните култури се намалува произвоството на јаболки, кајсиите и крушите се во фаза на губење. За да не ги наведуваме сите култури во стратегијата која ја предлагаме ќе бидат внесени мерките и активностите за секоја култура посебно за која треба да се произведува, да се зголеми производството, да се воведат нови култури кои согласно климатските промени ќе успеваат во Македонија. На овој начин ќе го намалиме увозот на овие култури, кој во последните години енормно е зголемен и ќе го стимулираме извозот. Субвенционирањето и неговиот начин ќе бидат опфатени со посебни политики за оваа област.
Во последните години сѐ подрастично опаѓа одгледувањето на сите подгрупи на сточарство. Може да се каже дека одгледувањето на кози е речиси напуштено. За враќање на сточарството ќе се субвенционираат до 50 проценти од потрошените средства за купување на одредена подгрупа на домашни животни за сите регистрирани сточари, а за напуштените подгрупи субвенционирањето ќе биде до 70 проценти со услов 5 години да ја вршат оваа дејност.
кои од градските ќе се преселат во руралните средини и ќе се занимаваат со земјоделство и сточарство. За оваа мерка потребно е со оваа дејност непрекинато да се занимаваат 7 години, доколку ја прекинат, доделените средства да се вратат. Од страна на државата ќе им се одезбеди стручна помош за избраната дејност, ќе се олеснат процедурите за регистирање и ќе ја добијат целокупната админстративна помош.
во различни реони во државата има повеќе од 40 наменски канали за наводнување на обработливото земјиште. Голем дел од нив не се во функција поради тоа што не се извршени поправки и не се исчистени од смет и друг вид на отпад. Поради нивното нефункционирање одгледувачите на разни култури се соочуваат со проблем за наводнување и се изложени за дополнителни трошоци за наводнување.

ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА, СПРЕЧУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО
ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА, ПОДОБРУВАЊА ВО ЕНЕРГЕТИКАТА

со вградување на сигурни прочестителни филтри, контрола на процесот на горење, забрана за упореба на материјали за горење кои се канцерогени, засилен испекциски надзор, дислокација на индустриските капацитети каде не може да се спречи загадувањето од нивното производство.
промена на начинот на загревање со дрва и јаглен и субвенционирање на семејствата или бесплатно доделување зависно од финансиската моќ за вградување на колектори за затоплување на вода која ќе се користи за загревање на живеалиштата.
ревизија на моненталните депонии на начинот на кој работат и каква технологија користат за уништување на отпадот, градење модерни депонии каде ќе се врши уништување на селектиран отпад. Одели за рециклирање на отпадот со што ќе се овозможи производство на бновлири енергенси и пластична суровина за понатамошна обработка. Соодветно третирање на медициски и радиоактивен отпад по европски стандарди.
дивите депонии стануваат наше секојдневие, нема населено место каде нема дива депонија. Од страна на надлежните до сега не се преземени никакви мерки, освен стихијно делување по пријава на граѓани.
да се спречи нивното одливање во реките и езерата и со градба на посебна инфраструкура со современ техноошки процес на прочистување од токсични и хемиски состојки истите да се искористат како техничка вода за индустриски и земјоделски потреби.
од причина што издавањето на дозволи за концесија за нивна експолатација е стихијно, без да се земе во предвид дека овие ископи доведоа со уништување на цели ридови и планини, предизвикаа слечишта, се уништи огромен шумски фонд, со експлоатација на песокот на голем број реки им се смени течението, некои останаа и без вода. Сето ова е на штета на природните ресурси и богатства со кои располагаме.
одложувањето на овој отпад со децении е проблем во сите места на живеење. Од страна на надлежните се поставени несоодветни контејнери кои повеќе ја загадуваат околината отолку што овозможуваат правилно одложување на отпадот.
со што ќе се намали аерозагадувањето од возила во градовите и помалите места. Ревизија на издадените дозволи за градби кои не се започнати, а се издадени за зелените површини и паркови кои постоеја во градовите.
со што ќе се спречи уништување на шумскиот фонд и соголувањето на планините кои во последната денеција е во голем интензитет, а на сметка на профитот на добитниците на дововлите.
на енергија со сончеви панели и ветерни електрани, со цел искористување на геоположбата на Македонија и постоњето на 280 сончеви денови и струење на ветерот по должината на реката Вардар и во јужниот дел од Македонија. За изградба на овие обновливи извори на енергија на земјиште во државна сопственост ќе се склучуваат договори за јавно-приватно партнерство, а за изградба на приватен имот ќе се субвенционираат до 20 проценти од висината на инвестицијата.
во која ќе се утврди од кои извори на обновлива енергија може да се произведе електрична енергија, со точно утврдени локации, на кој начин ќе се произведе, колку инвестиции се потребни, количината која ќе се произведе, рокови за изградба, за да се исфрли од употреба производството на електрична енергија од јаглен, да се намали увозот и да се намали малопродажната цена на електричната енергија.
со кој ќе се снабдуваат домаќинствата и стопанските капацитети и ќе се намалат трошоците кои ги имаат. Со години наназад ова е актуелна тема и од страна на надлежните сѐ уште ништо не е преземено поради калкулациите за тоа кој и колку ќе профитира од оваа инвестиција.
со шумски фонд кој ќе опстои согласно квалитетот на почвата, спречување на создавање на слечишта, природно прочистување на воздухот и пошумување со јаткасти дрвја како што се ореви, костени, бадеми, лешници на одредени предели за нивните приноси да се искористат за производство или трговија.

СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА И ЗАШТИТА НА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ МЕЃУ КОИ И НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Нашата социјална политика се засновува врз уверувањето дека преобразбата на општеството и оформувањето на демократскиот поредок мора да почиваат врз начелата на социјална правда. На сите членови на заедницата мора да им бидат дадени можностите за личен развој, образование, создавање семејство и квалитетни услови на живот.
Синдикатите мора да се организираат слободно и потполно независно од државата поради заштита и застапување на економските и социјалните интереси на своите членови.
За интересите на стопанскките гранки и општествените слоеви ќе водат сметка коморите. Коморите ќе се организираат како независни установи. Нашиот концепт на социјална заштита е јакнење на општествената кохезија и подржување на независноста и способноста на луѓето да си помогнат самите себи си.

Ефикасен систем на социјална заштита ќе ни овозможи да одговориме на потребите на граѓаните во новите околности и да ги подржиме ранливите и маргинализираните поединци и групи на кои им е неопходна организирана помош на заедницата и државата, како и на граѓаните кои не се во состојба со сопствено учество во економските активности да ја обезбедат својата егзистенција.
Ќе се залагаме за перманентно усогласување на работното законодавство со пазарните услови на работа и европските стандарди.
Приоритетни задачи на нашата социјална политика се донесување годишни програми на активна политика на вработгување на државно и на локално ниво, реформа на Националната Агенција за вработување, обединување на информациониот систем и воспоствување модел насочен на потребите на невработените и на работодавците.
Ќе потикнуваме отворање на нови работни места со намалување на вкупното оптоварување со даноци и придонеси, како и со развивање на нови форми на кредитни линии и микрокредитирање, посебно во помалку развиените региони и подрачја со висока стапка на невработеност.
Наша цел е систематско решавање на проблемот на вишок на вработени со организирање обуки, стручно усаовршување, преквалификација и доквалификација, што ќе придонесе за поефикасно завршување на процесот на приватизација и реструктурирање.
Ќе се залагаме за развој и унапредување на флексибилни форми на работа преку институцијата на привремено вработување, за воведување на посебна заштита родителите со тешко заболени деца и за заштита на достоинството на работа.
Систематското унапредување на социјалниот дијалог на национално, локално, регионално и на меѓународно ниво, за да придонесеме кон посодржајно и и поквалитетно усогласување на интересите на трдуот и капиталот, претставува една од клучните задачи на нашата социјална политика.
Одредувањето на насокките на стопанскиот развој и остварување на финансиска одржливост се основни цели на нашата стратегија за реформа на пензискиот систем. Приоритет ни е обезбедување на економска сигурност на пензионерите низ одржување на стабилен однос на просечната пензија и просечната плата.
Се залагаме за реформа на пензиската администрација и воведување на Централен регистар на осигуреници и корисници на правата, како и за подобрување на административните капацитети за наплата на придонесите за социјално осигурување и даноци на заработувачката.
Интензивно ќе работиме на унапредување на системот на безбедноста и заштитата на здравлето на работа, намалување на повредите на работа и професионалните заболувања.
Имајќи предвид дека обезбедувањето на работното место е најефикасен вид на социјална заштита, цврсто го подржуваме вработувањето на жените, младите и повозрасните лица, како и лицата со попреленост.
За нашата социјална политика од исклучителна важност е заштитата на младите семејства и воведување на колективни услуги на семејствата.

Посебно сме определени за тоа на жените да им се овозможи да ги усогласат мајчинството и својот професионален ангажман.

На повозрасните работници треба да им се даде можност да го одложат заминувањето во пензија, како што сметаме дека приоритет треба да им се даде на инвестициите насочени кон децата и младите.

Нашата социјална политика почива врз уверувањето дека развиениот и уреден пазар на трудот и стабилно семејство претставуваат најсигурни извори на социјална заштита.

Сите граѓани мора да имаат еднакви можности во темот на целиот живот бидејќи тоа за нас е основна социјална правда. Во таа насока ќе се залагаме за:
кои немаат услови за живот со овоможување на вработување или одредување на надоместок во висина на минималната плата ако немаат работна способност и доделување на социјални станови во случај да немаат свое живеалиште за правична грижа на државата на оваа маргинализирана група на граѓани, која е препуштена на грижата од најтесното семејство. Поголем дел од оваа ранлива категорија на граѓани живее со 30 денари на ден, кои не се доволни за храна, а не за задоволување на потребите од еден пристоен живот.
бесплатно згрижување во градинки, бесплатно образование, доделување на додаток за дополнителна едукација и спортски активности, за овозможување на овие деца да имаат пристоен живот и да се олесни животот на нивниот родител.
доделување на социјални живеалишта. Нивно вработување ако се работоспособни или доедукација за вршење на работа за да обезбедат самостојно средства за егистенција или доделување на надоместок во висина на минималната плата“. За правилна ресоцијализација на оваа група на граѓани, државата единствено до сега има отворено дневни ценри за престој и народни кујни на локации кои се несоодветни. Во моментов грижата за оваа категорија на граѓани е стихијна препуштена на можностите на Црвениот крст и одговорните поединци.
за овозможување на пристоен живот, правилна здравствена грижа на старите и изнемоштените лица, кои моментално во најголем дел се оставени на своите семејства, кои не можат да им обезбедат минимум средства за егистенција и лекување
со градење на групни живеалишта согласно возраста во урбани населби каде ќе им бидат достапни сите содржини во општественото и социјалното живеење и доделување на надоместок согласно потребите кои произлегуваат од возраста. Сегашниот пристап кон овие деца е целосно погрешен, актуелните живеалишта се надвор од урбаните средини и без соодветна заштита на овие деца. Најефикасна социјална политика е онаа која на граѓаните им гарантира дека никогаш во животот нема да се најдат исклучени од општеството, осиромашени или маргинализирани.
Во Македонија живеат над 100.000 лица со попреченост. Не постојат институции во кои задолжително би било евидентирано секое лице со попреченост, ниту меѓусебна соработка на различните институции во смисла на формирање на заедничка базе на податоци. Доминира социјалната изолација која посебно се огледа во осаменоста и соочувањето со попреченоста, осиромашени социјални контакти и тешкотии во обидите за вклучување во разните форми на општествениот живот.
ДЕМОКРАТИ сакаат лицата со попреченост да бидат вистински дел во заедницата, поради што:
  • – Ќе ги усогласат постојните прописи со меѓународните документи во областа на заштитата и интеграцијата во општествениот живот на лицата со попреченост;
  • – Лицата со попреченост ќе бидат вклучени во креирањето политики и носењето одлуки во сите аспекти од животот.
  • – Ќе се создадат услови и ќе се овозможи оптимално школовуње низ уривање на сите бариери како на градежно-архитектонските за слободно движење на лицата со попреченост, така и на законските и на општествените;
  • – За таа цел ќе бидат унапредени ресурсите во образованието, ќе бидат обезбедени обуки и подобри услови за кадарот кој работи со децата со попреченост за обезбедување квалитетно образование.
  • – За општествена интеграција на лицата со попреченост посебно внимание ќе посветиме на спроведувањето на стратегијата за унапредување на нивната социјална положба и вработување. Ќе се залагаме за еднакви можности при вработувањето на лицата со попреченост и укинување на дискриминацијата;
  • – Ќе им се овозможи на лицата со попреченост соодветна преквалификација и доквалификација во рамките на постојните психофизички можности, кои би резултирале со вработување и осамостојување;
  • – Низ законските решенија, во соработка со комуналниот, градежниот и урбанистичкиот сектор ќе се овозможи изградба на станбени и јавни објекти со специфичностите кои овозможуваат достапност и задоволување на животните потреби на лицата со попреченост;
  • – Ќе бидат унапредени надоместоците за компензација на попреченоста по вид и степен на попреченост. Средствата ќе бидат обезбедени од буцетот на државата, приспособени според тежината на попреченоста. Ќе се воведе семеен додаток за грижа на семејството на овие лица за да можат правилно да ги остварат животните функции.
  • – Ќе се унапредат сообраќајната инфраструктура, јавниот превоз, како и културата на сите учесници во сообраќајот во поглед на разбирање на специфичните потреби на лицата со попреченост;
  • – Ќе овозможиме поквалитетно информирање за лицата со попреченост, намалување на предрасудите кон нив и спроведување позитивни кампањи за промовирање на еднаквоста на граѓаните во општеството.
  • – Ќе ја поттиккнуваме соработката со здруженијата, организациите, сојузите, невладиниот сектор за поттикнување и реализација на проекти против изолираноста, а во насока на вклучување во општествената заједница и во општествените токови и ангажирање на нивните потенцијали.

ЗДРАВСТВО И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

со нивно правилно распоредување и достапност на граѓаните од сите околни места. Гломазен клинички центар во Скопје, со сите клиники само ќе ја отежни потребната здравствена заштита на граѓаните од другите населени места. За правилна заштита потребно е изградба на 10 клинички центри во поголемите градови кои ќе ги опфатат здравствените услуги кои им се најпотребни на граѓаните. Во Скопје како главен град треба да се изгради само еден специјализиран клинички центар за ретки болести и специјални здравствени услуги.
за правилно и целосо добивање на здравствената услуга голем број на здравствени капацитети се целосно руинирани, без соодветна медицинска опрема и помошен материјал. Сето тоа се должи на неправилното планирање во здравството и неводењето на грижа за здравјето на граѓаните. Здравството располага со голем број на објекти кои се ставени надвор од здравствената фукнцкија, а кои можат да се реновираат со мали вложувања со што ќе бидат пристојни објекти за давање на медицинска помош и лекување.
Воведување на регистар за видот на ретката болест, доделување правилен надоместок за лекување и егзистеција по вид на ретка болест, доделување на додакот за семејна грижа на семејствата“. За да се добие реална слика за видот и тежината на ретките болести потребно е да се изработи регистар кој ќе ги опфати финасиските средства за лекување и егзистенција. Овие средства да бидат од буцетот на државата приспособени според тежината на ретката болест. Да се воведе семеен додаток за грижа на семејството на овие лица за да можат правилно да ги остварат животните функции.
Оваа дополнителна медициска опрема само го оптоварува семејниот буџет, а голем број на семејства не се во финансиска можност да ги набават. На овие лица потребната медицинска опрема и помагала ќе им се набавуваат од страна на државата во брза постапка во која ќе ги нема бирократските процедури.
на лица со ретки и специфични болести и навремено преземање на потребните здравствени обврски за нивно лекување за да се овозможи навремено лекување на овие лица и спасување на нивните животи. Со децении наназад сведоци сме дека овие лица поради бирократските процедури се оставени на милост и немилост и во најголем дел се лекуваат од донации на одговорни граѓани или фирми.
за да се намали упатувањето на пациените на интернистички, па потоа на специјалистички прегледи, со што ќе се скрати времето на пациентите за лекување, како и од причина што интернистичките прегледи се исти како кај матичните лекари
Ќе се создаде здравствена култура, ќе се овозможи добивање на реална слика за здравјето на поединецот, ќе се превенираат голем број на болести кои ги носи стресниот живот, а од кои ризикот согласно староста се зголемува.
со што ќе се овозможи поголем интегритет на докторите и медициксиот персонал кој работи за здравјето и животот на граѓаните. Ќе се спречи масовното напушптање на стручниот медицински персонал на државните клиники и нивно заминување во приватите клиники или во странство.
Сегашите средства кои се доделуваат не се доволни за самостојно опстојување, набавка на медицикса опрема и потрошен материјал. Од таа причина овие средства треба да се зголемат за 50 процентти, да се одреди додаток од 10 проценти за потрошен материјал, а средствата кои ги добиваат стоматолозите да се изедначат со матичните лекари.
спортувањето, занимавање со хобија со вклучување на училиштата, Црвениот крст и невладини организации“ за да се воспостават здрави навики кај популацијата кои ќе придонесат за исклучување на одредени болести и продолжување на животниот vек.
во одредени области од здравството. Трошоците за специјализацијата ќе бидат во целост покриени од буџетот со што ќе се добие високо клавификуван медициски кадар подготвен за работа во сите области од здравството. Исто така, потребни се доусовршувања, едукации, надградби на докторите и останатиот медицински перонал, да има транспарентна постапка ѕа знаењато кое ќе биде добиено да биде имплементирано во здравството.

ОБРАЗОВАНИЕ, НАУКА И КУЛТУРА

Деветтолеткта се покажа како крајно непродуктивна за учениците и наставниците. Основното образование е оптоварено со непотребни предмети кои децата не се ниту физички, ниту психички созреани да ги следат, а камо ли да ги научат. Од друга страна, и наставниот кадар во постојното основно образование се соочува со експериментални предмети кои треба да ги предава, а нема ниту основни познавања за темите кои се обработуваат. Затоа, предвидуваме намалување на предметите во основното образование, особено за учениците од прво до четврто одделение. Исто така, се предвидува ревизија на учебниците и учебните помагала, а наставниот кадар ќе го помине бесплатниот тест за валоризација на индивидуалната подготвеност на секој поединец кој во својот работен век треба да продуцира квалитетни генерации потковани за продолжување на едукацијата. Во основното образование ќе се намали бројот на предмети кои треба да ги следат децата од прво до четврто образование, а квалитетниот наставен кадар ќе биде награден со зголемена плата и други бенефиции.
Укинување на средното образование како задолжително, а за сметка на тоа да се форсира засилено и квалитетно насочено образование. После завршувањето на средното училиште, секое дете ќе може да најде добро платено вработување во државата. На тој начин, државата ќе се ослободи од баластот да одделува од буџетот дополнителни средства за задолжително средно училиште, во средните училишта децата ќе се подготвуваат за директно влегување во работниот процес во претпријатијата и компаниите како квалитетно подготвени работници.
Од страна на агенцијата за валоризирање би се спровела евалуација во однос на квалитетот на факултетите/универзитетите во Македонија. При тоа, се предвидува ревизија на дипломите на завршените студенти, како и финансиски инспекции на универзитетите во Македонија и нивните единици. На тој начин ќе дојдеме до реалните потреби и побарувања на универзитетите и факултетите, а при тоа да не се навлегува во нивната автономија во работата.
и спроведување на квалитетни, кои нема да бидат „про форма“ или „на продажба“. Говорејќи за сузбивање на овие категории, особен акцент мора да се обрне на борбата против корупцијата и митото во универзитетите и факултетите.

ЗАКОН ЗА ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

РАЗВОЈ НА СПОРТОТ

во сите поголеми градови и реконструкција на постојните спортски сали„ за подобрување на условите за рекреативно и професионално вршење на спортските активности. Покрај во Скопје, вакви центри теба да се отворат во уште 10 поголеми градови во Македонија.
за секој клуб да се покријат трошоците за патувања, кирии, плати за тренерите, набавка на потребната опрема, стипенди за талентирани млади и врвни спортисти, поточно кажано комплет финасирање на клубовите и спортистите.
Со реално прикажување на состојбите во нашата област по поставените поглавја, од причина што во овој процес до сега од нашите претставници не се прикажуваа и доставуваа реални извештаи за нашиот напредок, напротив ние имаме институционално назадување и флагрантно кршење на човекоивте права и слободи. Истакнуваме дека и европските директиви не се правилно вкучени во нациналното законодавство па од таа причина потребно е ревидирање на овие закони. Воедно ќе ги повикаме високите претставници на Европската унија да ни овозможат еднаков пристап кон европската заедница која се однесува за другите држави, од причина што Македонија согласно географската положба потребна и е на Европската унија.

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ