Секогаш се стреми кон подобрување на состојбите во државата. Мотото на борба е спроведување и изнаоѓање решенија, наместо посочување проблеми верувајќи дека ќе може многу да допринесе во нашето општество.
Звршил основно образование во ОУ”Мирче Ацев” во с.Лажани општина Долнени. Средно образование lV (четврти степен) завршил во Скопје во ЦОКБОС “Елисие Поповски Марко” и завршил Правен факултет отсек судско право универзитет Св. Кирил и Методи во Скопје.
Исто така има псетено повеќе курсеви и обуки во многу свери.
Долгогодишно искуство во МВР.
Во 1987 година е вработен во СВР Тетово каде работел во повеќе служби до 2008 година кога бил распореден на работно место инспектор во Сектор за насилен криминал во СВР Тетово каде од таму во 2018 година се пензионирал. За време на неговиот работен однос има примено безброј разни награди за постигнати резултати.
Бидејќи не се согласува со политиките на институциите на системот, и веднаш по неговото пензионирање во 2018 година се активира во политиката со цел да и помогне на Македонија и заедно сo група граѓани формираат нова политичка партија под име Демократи.
Партија која ќе се бори против политичките криминалци и партии, стопанските криминалци, митото и корупцијата, криминал кој во последние 32 години ја уништуваа Македонија, народот и продолжуваат со понатамошно уништување!
Партија која ќе им го одземи богатството на сите кои ќе неможат да докажат како го стекнале истото.
Партија која ќе креира високо развиена светска економија.
Партија која ќе го спречи иселувањето – протерувањето на младите стручни кадри од Македонија, кадри кои треба да останат во нашата земја и да ја градат нашата економија за подобра иднина на сите нас.
Партија која ќе креира вработувања во стопанството со високи плати за да го спречи протерувањето на младите во туѓина и да го спречи растурувањето на нашите фамилии.
Се смета себеси за високо мотивиран, одлучна и сигурна личност. Секогаш се стреми кон подобрување на состојбите во државата. Мотото на борба е спроведување и изнаоѓање решенија, наместо посочување проблеми верувајќи дека ќе може многу да допринесе во нашето општество.
– Обучен за тимска работа во било каква средина.
– Одговорен и доверлив.
– Самодисциплиниран, со способност да води и мотивира други.
– Силна работна етика
– Компјутерски вештини и познавање.
– Амбициозност
– Желба за успех
– Креативност
– Флексибилност
– Упорност
– Прифаќање на туѓи идеи
– Индивидуална работа и работа во тим
Пријател му е оној кој ја зборува вистината.