ИЛИЈА БЛАЖЕВСКИ
ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ
Мојот мотив за приклучувањето кон политичката партија Демократи се неправдите и катастрофалната економска, правна и социјална политика од самото осамостојување на Македонија.
Роден во Скопје на 25.06.1998 година во семејство кое во својата историја го има
земјоделието како примат на егзистенција, но од истото семејство со текот на годините и
во бивша Југославија и независна Македонија произлегуваат видни и успешни доктори и
економисти!
Своето основно образование Илија го има завршено во “Св. Климент
Охридски”, С.Драчево
Средно образование завршува во средното медицинско училиште “Д-р Панче Караѓозов”
Во Март 2023 година дипломира на Факултетот за Безбедност во Скопје при
Универзитетот “Св Климент Охридски” Битола!
Со дипломирањето се стекнува со звање “Дипломиран по Безбедност и Евроатлантски
Интеграции”
“Мојот мотив за приклучувањето кон политичката партија Демократи се неправдите и
катастрофалната економска, правна и социјална политика од самото осамостојување на
Македонија.
Сметам дека ако некој треба да ја промени лошата политика, тоа сме ние граѓаните кои
сме свесни и чесни, а со самото тоа имаме обврска да ја направиме Македонија достојна
за живот на сите граѓани без оглед на етничка, верска или друга припадност”.