Бараме! Чиста и Здрава Животна Средина! СТОП за Криминални Меѓупартиски Договарања! СТОП за Рушењето на Правото! Исполнување на Ветеното! КАДЕ Е ЖИВОТОТ!

СТЕВЧЕ СТЕВОСКИ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОХРИД ОД ДЕМОКРАТИ

СТЕВЧЕ СТЕВОСКИ Роден е во 1967 година во село Елшани, и сега живее таму со семејството. Тој е дипломиран криминалист, студирал на  Факултетот за безбедност во Скопје, на отсекот за борба против организиран криминал. Близу три децении е вработен  во СВР – Охрид. Стевчо е оженет и татко на две деца. Охрид, Охриѓани и Македонија Заслужуваат Човек, Беспрекорен борец за Правдата, Човек со поинаква визија за градот Охрид и нашето општество во целина ЗА ПРОСПЕРИТЕТЕН ЧИСТ И УРЕДЕН БЕЗБЕДЕН И НАПРЕДЕН И ПРЕД СЕ ГРАД СИМБОЛ НА МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈА И КУЛТУРА И НАСЛЕДСТВО СВЕТСКИ БИСЕР ОХРИД

ЧОВЕКОТ
ЦЕНТАР НА НАШЕТО ДЕЈСТВУВАЊЕ

Партијата ДЕМОКРАТИ и нејзините основачи се одзваа на ПОВИК. Граѓаните на Македонија имат потреба од политичка опција која ќе ги замени партиите кои континуирано три децении ја уништуваат нашата држава и општество!

ДЕМОКРАТИ - ПРИНЦИПИ И ВРЕДНОСТИ

insert image

ДЕМОКРАТИ Партијата и независна сила управувана од силна желба за длабоки општествени промени и мотив што другите не го поседуваат

Демократија, владеење на правото, поделба на власта

Традиционално, демократијата се вели дека е "моќта на народот", од грчкиот јазик, демос - народот и кратос - моќта. Всушност, демократијата е многу посложена

Индивидуална, слободна, индивидуални права и слободи

Развиените Демократии во својот центар го имат Човекот - Поединецот. Тоа не е "себичен" пристап кој го исклучува општеството

Приватна сопственост, повлекување на државата од економијата, иницијатива, конкурентност

Индивидуалниот развој е директно поврзан со почитувањето на имотот. Приватната сопственост е

Дијалог и толеранција, плурализам и разновидност, еднакви можности и меритократија

Почитувањето на различноста, плуралноста на мислењата, грижата, можностите, подршка на разновидните погледи и

Наша Мисија

insert image

Виталноста на политичкото движење е исто толку големо колку и бројот на луѓе кои веруваат во својата мисија и работат на тоа да го видат успехот и реформите. Да Работиме Заедно. Придружете се и Вие

Почитувани граѓани на Македонија

Како претседател на Демократи, заедно со група на граѓани кои се чесни луѓе со големо животно и работно искуство, при вака лош амбиент во државата, при континуирано водење на лоши политики, кои создаваат чувство дека процесот на деструктивност и уништување е несопирлив, бевме силно мотивирани да ја формираме ДЕМОКРАТИ како партија, за да заедно со народот отпочнеме активности и работиме за создавање на услови за подобар живот и силно развиена економски и правна држава. Да, народот и Македонија тоа го заслужуваат.

Голем број на граѓани при промовирање на нашите цели и програмски активности ни викаа одите спроти ветрот, Донкихотски се борите со ветерниците, невозможна е вашата мисија, погледете каде сме, а каде бевме, зарем е возмошно да се види подобрата иднина по 27 годишен процес на водење на погубни и лоши политики по граѓаните и народот од страна на сите политички партии кои ја практицираа власта и нивните коалициони партнери. Не, не е возможно велеа.

Сето ова, само ни ја даде силата и не убеди во нашата размисла дека ние ќе успееме како ДЕМОКРАТИ да дејствуваме и да ги оствариме нашите цели за подобар живот на сите тука во Македонија. Да, граѓаните не препознаа.

Бидејќи ние сме ДЕМОКРАТИ, за нас најбитен е граѓанинот, само неговата воља за нас е дозвола за сите процеси во било која област.

Бидејќи ние сме ДЕМОКРАТИ, за нас најбитна е економската благостојба на граѓанинот, ние знаеме како се создава светска развиена економија.

Бидејќи ние сме ДЕМОКРАТИ, за нас најбитна е правната сигурност на граѓанинот, ние знаеме да ги поставите темелите на правна држава со закони кои обезбедуваат демократски правен поредок во кој граѓанинот ќе ги остварува своите права без било какви пречки, ние знаеме какви треба да се тие темели.

Бидејќи ние сме ДЕМОКРАТИ, за нас најбитно е да се има уреден здравствен, социјален, образовен и научен системи, преку кои граѓаните ќе ги задоволат своите потреби, а талентираните образовани млади луѓе ќе се вклучат во градење на своја сопствена држава по светски стандарди, ние знаеме што треба да се направи за да ги дочекаме бенефитите во овие системи својствени за 21 век.

Бидејќи ние сме ДЕМОКАТИ, за нас најбитно е да го сопреме политичкиот криминал создаден сите овие години наназад, а со кој политичарите станаа енормно богати а народот крајно осиромашен, ние знаеме што треба да превземе за да го искорениме политичкиот криминал кој е генератор на сите други видови на криминал и ја вратиме благосостојбата на граѓаните, а при тоа секој учесник во оваа активност да одговара како пред народот така и пред државата, ние знаеме како тоа да го спроведеме.

Затоа, токму сега, кога паднаа маските на сите политички елити, кои со секој поминат ден создаваат само полоши услови и креираа економска, етнична криза, ги повикувам граѓаните на Република Македонија, заедно со ДЕМОКРАТИ да кажеме СТОП и да почнеме нов ПОЧЕТОК.

Верувајте дека ние граѓаните во Македонија, заслужуваме подобра иднина.

Верувајте дека ние граѓаните во Македонија, заслужуваме светски развиена држава.

Верувајте во нашата искреност како ДЕМОКРАТИ дека заедно сето ова ќе го постигнеме за кратко време, за подобро утре за нас, а за подобра иднина на нашите нови генерации.

Некој пишуваат погубна историја, ние ДЕМОКРАТИ создадеме подобра иднина, со која ќе ги исправиме историските грешки.

Со почит, искрено ваш и со вас.

Јорго Огненовски – Претседател на ДЕМОКРАТИ

Членови на партијата Демократи

insert image

Јорго Огненовски

Претседател
Дипломиран економист Св. Кирил и Методиј - 30 години работно искуство во САД

Чедомир Николоски

Извршен комитет
Гимназија-математички смер

Јордан Поп-Атанасов

Централен комитет
Инженер по електро-техника на ЕTФ на Св. Кирил и Методиј - Доктор по историски науки

Стојан Спасовски

Централен комитет
Инженер на Св. Кирил и Методиј - Архитект проектант во Македонија, Канада и ОАЕ

Катерина Тодороска

Централeн комитет
Доктор по историски науки во ИНИ при Св. Кирил и Методиј

Илија Блажевски

Централен комитет
Студент на насока безбедност и Евроатлански интеграции - Св. Климент Охридски

Изет Зејнеловиќ

Централен комитет
Дипломиран правник на Св. Кирил и Методиј со долгогодишно искуство во МВР

Љубомир Крстевски

Извршен комитет
Дипломиран економист на Св. Кирил и Методиј

Видео материјали

insert image

Контакт

Доколку имате некое прашање или ваш коментар пишете ни тука.

    Порта Буњаковец бр.19 1000 Скопје contact@demokrati.mk 071-852-208