ДЕМОКРАТИ на вториот конгрес на политичката партија ДЕМОКРАТСКА ЦРНА ГОРА

Минатата седмица делегација на политичката партија ДЕМОКРАТИ
од Македонија присуствуваше на вториот конгрес на политичката партија ДЕМОКРАТЕ
од Црна Гора.

Во текот на престојот во Црна Гора имавме можност да се сретнеме и да размениме
мислења со претставници на бројни политички партии од балканските држави. При
тоа, особен акцент ставивме на комуникацијата со претставниците кои доаѓаа од
држави произлезени од поранешните југословенски држави.

Разговорите што ги водевме имаа една цел, да процениме каде е македонската
држава во европската перспектива во однос на другите држави кои не се членки на
европското семејство. Со жалење констатиравме дека македонската политичка и
општествена реалност ни малку не ветува подобрување на состојбите кои би
значеле вовед во преговорите со Европската Унија за наше партиципирање во
Унијата како сериозна членка.

Уште попоразително беше сознанието за нашето дилетантско однесување кон
аспирациите за членство во ЕУ после разговорите со претставниците на државите
од Балканот и Европа кои веќе се членки на европското семејство. Според информациите
добиени од делегациите од овие држави кои се однесуваа на нивниот влог во
сериозните реформи во судството, во намалување на бројноста на
администрацијата, во решавањето на економските прерогативи на соодветните
држави, заклучокот беше дека македонските политичари не се потрудиле да
спроведат ниту една сериозна реформа. Напротив.

Непријатно бевме изненадени од фактот за импровизацијата која ни се случува
минатите 30-тина години во однос на наводното реформирање на македонската
држава. Но, задоволни сме од тоа што добиените сознанија за квалитетните
реформи и начинот на раководење со државите аспиранти за влез во ЕУ, како и од
претставниците на државите членки на ЕУ целосно се совпаднаа со активностите и
програмските определби на нашата политичка партија ДЕМОКРАТИ. Тоа ни дава сила
да продолжиме со промовирање на нашата работа во секое населено место во
државава со што, на народото му овозможуваме да го процени досегашното
раководење со македонската држава и можноста тоа драстично да се смени.

Македонските граѓани заслужуваат да живеат според европските стандарди, да
имаат раководители и партнери во државата кои заедно со граѓаните треба да се
изборат за ослободување на народната сопственост, а тоа е државата.

Претходно Извештај

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ