Невидена негрижа за пензионерите од страна на Фондот

После пропаѓање на Еуростандард банка 40.000 пензионери нема да земат пензија идната недела, а пензија ќе земат тогаш кога ќе отворат сметка во друга банка.
ДЕМОКРАТИ не можат да го разберат и поддржат ова несовесно и неодговорно однесување на Фондот за пензиско и луѓето што го водат.

Како не им е ни малце грижа да се запрашаат како овие пензионери ќе преживеат без своите пензии, кога повеќето од нив живеат од своите пензии месец до месец.
ДЕМОКРАТИ ве прашуваат дали сте вие свесни дека многу од пензионерите имаат здравствени проблеми, а некои не се ни подвижни и не се во можност одма да отворат сметки во банка, а да не зборуваме дека не е возможно 40.000 пензионери да отворат сметки за толку краток временски приод во други банки, поготово во време на пандемија која го отежнува отворањето на сметки во банките.

ДЕМОКРАТИ бараат итно Фондот за пензиско да им помогне на овие пензионери да добијат пензии дома, како што 34.000 пензионери ги добиваа пензиите до сега, а не да ги останат без пензија додека отворат сметки во други банки.

Исто тоа се однесува и за примателите на социјална помош

Претходно Училиштето не е само за оценки

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ