Гоце Делчев, камен на сопнување


Политичката партија ДЕМОКРАТИ од потпишувањето на т.н. Договор за добрососедство со Бугарија реагира на неговата несоодветна содржина.

Исто така, ДЕМОКРАТИ реагираа и на составот на Комисијата за образование и историски прашања која до денес ја цени како некомпетентна и несоодветен пандан на бугарскиот дел од мешовитата комисија. Според последните хистерични атаци на бугарската политичка елита врз македонската историја јасно е дека со сила и од позиција на член на Европската Унија, Бугарија се обидува да го оствари вековниот сон за Санстефанска Бугарија.

Исто така, јасно е дека следните избори во бугарската држава ќе бидат „зачинети“ со (не)успехот да се бугаризира македонската историја. Доколку Бугарија има намера со аргументи да разговара за историските прашања и т.н. заедничка историја, има две можности.

Првата е да побара од ЕУ да го стави во мораториум своето партиципирање во европските институции до решавање на сите спорни прашања.

Второто е, беспоговорно да биде примена македонската држава во европското семејство и како рамноправни членови на еден заеднички сојуз да се разговара за заедничка историја.

Во спротивност, Бугарија, како претходно Грција, ќе потврди дека и европското семејство треба сериозно да размисли за уназадувањето на европските вредности на некои од своите членови.

Секако, да не го заборавиме и ставот на Бугарија кон македонското национално малцинство на нејзина територија и пресудите на меѓународните судови во однос на тоа прашање.

Политичката партија ДЕМОКРАТИ уште еднаш ја повикува македонската Влада да ги прекине сите разговори за распродавање на македонската историја и да се фокусира на исполнување на реформите и задачите посочени од Европската Унија.

Претходно Дваесет и девет години окупација и геноцид врз Македонија и македонските граѓани

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ