Апелациониот суд ја укина пресудата за масовното прислушување и уништувањето на опремата во УБК за предметот ,,Таргет Тврдина’’.
Сашо Мијалков кој беше осуден на 12 години затвор во предметот ,,Таргет Тврдина’’, се враќа на повторно судење и спрема експертите по право има се поголема шанса кривичните дела за кои се терени Мијалков да застарат.
За жал пред 3 недели на Сашо Мијалков второстепениот суд му ја укина пресудата за предметот ,,Трезор’’ во која беше осуден на затворска казна од 8 години години!
Како ДЕМОКРАТИ бараме од Апелациониот суд и второстепениот суд јавно да ги објаснат своите одлуки!
Како ДЕМОКРАТИ бараме да не се дозволи застарување на кривичните дела на Сашо Мијалков и на многу други како него!
Како ДЕМОКРАТИ сакаме судовите и јавното обвинителство да се борат против корупција и криминал со сите расположливи методи, но за жал истите тие станаа легло на корупција и криминал благодарение на криминалните политички партии кои владејат со Македонија 31 година!
ДЕМОКРАТИ веруваат се’ додека се на власт криминалните партии на СДСМ-ДПНЕ-ДУИ, нивните полтронски приврзоци и нивните злосторнички криминални банди, се дотогаш во судството и јавното обвинителство ќе имаме огромна корупција и криминал!!!