Недозволиво е една држава да нема планско производство на храна!

Недозволиво е една држава да нема планско производство на храна, а со тоа и да го остави земјоделецот на питачки стап

Дниве сме сведоци дека огромни количини на зелка скапуваат по полињата во околината на Дојран. Долги години производството на зелка е најзастапено во овој регион, а целокупната количина зелки беше пласирана за рускиот пазар. Со воведувањето на санкциите кон Руската федерација од страна на македонските власти, овој пазар се затвори.

Тоа требаше да го предвиди и навремено да реагира македонската Влада и да им предочи на производителите дека пласман нема да има на стандардниот пазар. Но, и да изнајде начин за нови пазари, да го откупи целосното производство на зелки. Тоа не се случи, па сега македонските земјоделци кои вложиле големи средства и труд за да го произведат овој прехрамбен артикл, својот произво не можат да го пласираат.

ДЕМОКРАТИ сметаат дека државните институции треба да побараат од соодветните европски институции да ги откупат и пласираат македонските зелки во европските држави, со што жителите на Европа ќе добијат одличен прехрамбен производ, а македонските земјоделци ќе можат да го наплатат својот труд.

Но за жал властите не се заинтересирани за доброто на земјоделците, а што е уште пожалосно ги имаат оставено на милос и немилост сами да се снабдуваат и да ги продаваат своите производи.

Не е ни чудо што земјоделството пропаѓа и многу земјоделци не сакаат повеќе да се занимаваат со земјоделие!

ДЕМОКРАТИ предлагаат ИТНО државата да им обезбеди на земјоделците загарантиран откуп и загарантирана откупна цена, која ќе ги покрие реалните производствени трошоци и ќе им овозможи да остварат нет профит за пристоен живот!

Тогаш многу земјоделци ќе продолжат да се занимаваат со земјоделие, а државата економски ќе просперира!

ДЕМОКРАТИ сметаат дека е недозволиво една држава да нема планско производство на храна, а со тоа и да го остави земјоделецот на питачки стап!

Претходно Сред Скопје бугарски политички манијаци и непријатели на Македонија ја негираа македонската држава и македонскиот народ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ