Политичките манипуланти од редовите на Алијанса и Алтернатива ќе ја ,,спасуваат” Македонија!

Политичките манипуланти од редовите на политичките партии на Алијанса и Алтернатива се појавуваат повторно како ,,спасители” на Македонија и народот. Заедно со криминалните партии на СДС-ДУИ и нивните полтронски приврзоци, сакаат под секоја цена Македонија да влезе во Европскста Унија, дури и да е на штета на македонскиот народ и Македонија.

Сакаат да бидат дел од блокот за ЕУ и се појавуваат како ,,спасители” на македонската држава и граѓаните. Ќе гласаат во Собрание да се вметне бугарското малцинство во Уставот, а наводно со тоа ќе ни се отворат широко вратите за влезез во ЕУ, но, под услов ако добијат или не изгубат министерски и директорски места!

Замислете почитувани граѓани колку ја сакаат Македонија и нас – граѓаните. Ако не добијат министерски и директорски места нема да бидат дел од блокот за ЕУ и нема да гласаат за уставните измени во Собрание, а со тоа наводно ќе пропадни шансата на Македонија за влез во ЕУ!

ДЕМОКРАТИ сакаат да ги потсетат граѓаните дека манипулаторите од Алијанса и Алтернатива лани се појавуваа исто така како ,,спасители” на Македонија и граѓаните.

Формираа коалициски блок со криминалната партија на ДПНЕ, а исто така во тој коалициски блок беа Левица и Беса. Се формира да ја ,,спасуваат” македонската држава и народот од ненародната Влада на СДС-ДУИ и нивните полтронски приврзоци!

Ние како ДЕМОКРАТИ свесни сме дека политичките манипуланти од Алијанса и Алтернатива ги манипилираат граѓаните и работаат за свои лични интереси и интересите на нивните партии, а не за интересите на Македонија и граѓаните.

ДЕМОКРАТИ веруваат дека нив ги интересира само колку министерски и директорски места ќе добијат за да се доберат до народниот буџет и да можат да креираат политички криминални вработувања за нивните членови – гласачи во јавната администрација, а не да работаат за доброто на граѓаните и Македонија!

Претходно Децата како жртви за неспособната власт во Македонија!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ