Веќе 32 години заради криминалниот Изборен законик кој содржи затворените изборни листи, живееме во систем на политичко полтронство, каде што највисоките државни функционери се полтрони на лидерите на партиите, нивни горди послушници, кои се спремни се да направат за нив, па и најголеми криминали и корупција.
Лидерите на криминалните политики партии кога се на власт ја контролираат целата држава и никој ништо не им може!
Еве Груби сега отворено си кажува дека до Ахмети има доставено потпишани оставки на сите партиски и државни функции, за Ахмети да не се посомнева во неговата послушност. Дури вели: ,,ако ми каже седи дома, јас ќе седам дома и нема ни А ни Б да кажам на тоа, туку ќе ја почитувам”!
За жал ова катастрофална политичка состојба доведе до недоверба на граѓаните во државата и невидена апатијата која не прави да не’ веруваме во себе и да не’ се бориме за подобар живот!
Трагично е што ни пропаѓа државата пред очи, а ние ништо не преземаме да си ја спасиме од понатамошно пропаѓање, а што е уште потрагично секој ден ни се иселуваат децата и ни се уништуваат фамилиите!
ДЕМОКРАТИ веруваат дека можеме да си ја спасиме државата и фамилиите од политичките манипуланти и криминалци, да ги задржиме нашите деца во Македонија, да ја повратиме довербата кај граѓаните во државата и да креираме функционална држава за доброто на сите граѓани.
Тоа можеме да го направиме ако кажеме јасно и гласно, ДОСТА БЕШЕ и ИТНО да го промениме криминалниот Изборен законик!
Новиот Изборен законик ќе содржи:
1. Една изборна единица
1. Отворени листи со преференцијално гласање
3. Без праг
4. Подеднаква распределба на финансиските средства за сите учесници на изборите
5. Подеднаква медиумска застапеност за сите учесници на изборите
6. Рамноправна распределба на рекламните локации
7. Да се спречат криминални избори преку поставување на камери на секое избирачко место и користење на други методи!
Само фер и демократски избори и Изборен законик со отворените листи, гарантираат максимално почитување на уставот и законите, како во развиените земји. Само со отворени листи законите важат еднакво за сите, и максимално се спроведуваат, затоа што отворените листи ни дозволуваат да гласаме за чесни и квалитетни личности, а не за политички партии и броеви!
Македонија мора да биде функционална држава, во која се почитуваат законите, и главен збор имаме ние граѓаните, а не лидерите на партиите.
Нашите пратеници во собрание мора да бидат наши службеници, да бидат независни, да ја контролираат владата и да одлучуваат со слободна воља – борејќи се за нашите интереси!