Јавна порака до Европската Унија!

ДЕМОКРАТИ јавно ви упатуваат порака да не се залажувате дека неспособната и ненародна Влада со институциите како што се судството и Јавното обвинителство ќе се борат против корупцијата и криминалот во Македонија!

Вие добро знаете дека има високи функционери, судии и јавни обвинители кои се занимаваат со корупција и тежок криминал.

Овие криминалци декларативно се за ЕУ, но во практика сѐ ќе направат да ја држат Македонија подалеку од ЕУ, затоа што со самото влегување во ЕУ не ќе можат да се занимаваат со корупција и криминал!

За жал, нереално е од ваша страна да се надевате дека овие луѓе ќе се борат против корупција и криминал!

Затоа, ДЕМОКРАТИ ви посочуваат, сѐ додека се на власт криминалните партии СДС-ДПНЕ-ДУИ, нивните полтронски приврзоци и нивните злосторнички криминални банди, сѐ дотогаш во Македонија ќе царуваат корупцијата и криминалот!

Време е ЕВРОПСКАТА УНИЈА да сфати дека овие криминални структури нема никогаш да се борат против корупцијата и криминалот и затоа не треба да ги поддржува во иднина!


Претходно Денеска е Светски ден на хемофилија!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ