НАЈАВА НА УСПЕХОТ!

Американскиот Национален Демократски Институт објави анкета за тоа – за кого би гласале ние граѓаните во Македонија ако утре има избори, и кои се нашите најголемите граѓански проблеми денес.

Контролираните медиумите се концентрираа на тоа колку граѓани – партиски војници и клиентелисти би гласале за ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и другите партии, а не го констатираа растечкиот број на нас граѓаните кои не би гласале за ниедна од наведените партии, затоа што сме незадоволни од нивното „владеење“. Ние незадоволните граѓани гласавме:
– Не знам или немам решено за кого ќе гласам: 18,3%
– Нема да гласам: 16,7%
– Одбивам да одговорам: 8,5% и
– Ќе го поништам гласачкото ливче: 2,2%

Значи дека 45,7% од граѓаните, или преку 700.000 гласачи, сме незадоволни од тоа како партиите не застапуваат, и како се борат за нашите граѓански интереси. Тоа е скоро ПОЛОВИНА од граѓаните кои гласаме во Македонија! И ова има тенденција на раст, што најавува дека наскоро бројот на незадоволни граѓани ќе надмине и 50%!

Повеќе од половината, односно 56% од граѓаните сметаме дека Македонија се движи во погрешна насока, и најмногу мислиме дека главна причина се корупцијата и криминалот.

Ние граѓаните бараме партиите и лидерите да се борат за нашите граѓански интереси, а не само за нивните лични и партиски интереси, и да ги сузбијат криминалот и корупцијата.

Бидејќи главното решение за сузбивање на корупцијата и криминалот во државата, како и за сузбивање на автократскиот лидерски систем се – Отворените изборни листи, јасно е дека огромниот број на незадоволни граѓаните најмногу ги поддржуваме партиите кои ВИСТИНСКИ се за ИТНО воведување на Отворените листи во Македонија, како што се Демократи!

Демократи се партијата која максимално се бори за воведување на Отворените листи и за граѓанските интереси, и затоа ја заслужуваме граѓанската доверба и чест.

Оваа анкета на НДИ е само најава за големиот успех кој ќе го постигнеме ние граѓаните на следните парламентарни избори, преку нашата партија Демократи.

Затоа ги покануваме сите граѓани, а посебно незадоволните од овој автократски, коруптивен и криминален лидерски изборен систем со затворени листи, да ни се придружат во Демократи кон нашата заедничката борба за воведување на Отворените листи во Македонија, за средување на државата и за нејзино ускладување со европските стандарди за квалитет!

Претходно ДЕМОКРАТИ им ја даваат целосната поддршка на сиромашните, обесправените и манипулираните пензионери!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ